Малта

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Република Малта
Repubblika ta' Malta
Знаме Грб
ХимнаL-Innu Malti
("Малтешка химна")

Местоположбата на  Малта  (темно зелена)– на Европскиот континент  (зелена и темно сива)– во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Малта  (темно зелена)

– на Европскиот континент  (зелена и темно сива)
– во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]

Главен град Валета (de facto)
35°53′N 14°30′E / 35.883°N 14.5°E / 35.883; 14.5
Службен јазик малтешки, англиски
Уредување Парламентарна република
Независност
 -  од Обединетото Кралство 21 септември 1964 
 -  Република 13 декември 1974 
ЕУ пристапила 1 мај 2004
Површина
 -  Вкупна 316 km2 (200та)
121 sq mi 
 -  Вода (%) 0.001
Население
 -  проценка за 2010 412,966[1] (171ва)
 -  Попис 2007 410,290  
 -  Густина 1,306.8/km2 (7ма)
3.413,9/sq mi
БДП (ПКМ) проценка за 2010
 -  Вкупен $9.931 милјарди[2] 
 -  По жител $23,662[2] 
БДП (номинално) проценка за 2010
 -  Вкупно $7.972 милјарди[2] 
 -  По жител $18,994[2] 
ИЧР (2010) 0.815[3] (многу висок) (33та)
Валута Евро ()2 (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 -  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на лево
НИД .mt 3
Повик. бр. 356

Малта е мала и густо населена островска држава која ја сочинува архипелаг во средината на Средоземното Море. Трите најголеми и населени острови се: Малта, Гоцо и Комино, додека помалите како Филфа, Коминото и др. се ненаселени. Иако Малта геофизички е дел на Северна Африка — лежи на африканската континентална плоча, на југ од Сицилија, источно од Тунис и северно од Либија — ова земја геополитички се наоѓа во Јужна Европа. Малтешкиот јазик е единствениот семитски јазик од афро-азиската група на јазици кој се говори во држава која геополитички припаѓа на Европа. Малта е членка на Комонвелтот, а од 1 мај 2004 година е членка на Европската Унија и како таква најмала по површина и број на население во таа организација.

Содржина

[уреди] Етимологија на име

[уреди] Историја

[уреди] Географија и клима

Малта е мала и густо населена островска држава која ја сочинува архипелаг во средината на Средоземното Море.Климата во Малта е средоземноморска. Малта е расположена на трите најголеми и населени острови се: Малта, Гоцо и Комино, додека помалите како Филфа, Коминото и др. се ненаселени. Островот се наоѓа на околу 90 километри јужно од Сицилија и на 250 километри од Северна Африка. Најголемиот остров Малта има 245,7 км2, долг е 27 км а широк 14,5 км. Должината на неговата крајбрежна линија изнесува 137 километри. Брегот на островот е скалест. Малта нема езера ниту реки, но сепак 50% од нејзината почва е обработлива. Сладка вода на островот се добива со преработка на солената морска вода.

[уреди] Политички систем

[уреди] Административна поделба

[уреди] Економија

[уреди] Население, јазик и религија

[уреди] Култура во Малта

[уреди] Религија

[уреди] Христијанство

Црквата во Малта е опишана во книгата на Апостолските Дела (Дела 27:39-42; Дела 28:1-11) според која таа била основана од страна на Свети Апостол Павле и Свети Публиј, како нејзин прв епископ. [4] Се смета односно се верува дека на островот Свети Павле престојуал во 60 година, време кога од овде заминал за Рим. Денеска постојат неколку катакомба|катакомби кои го потврдуваат ранохристијанскиот карактер на Малта. Според традицијата, Публиј, римскиот гувернер на Малта во времето на Свети Павле, станал првиот епископ на Малта по неговото покрстување во христијанството.

Додека малтешки острови биле под власта на витешкиот ред Болничари, од 15 век до крајот на 18 век, Големиот мајстор имал статус на управител на Католичката црква, и уживал посебна врска со папата. Со текот на годините, моќта на витешкиот ред била намалена како и нивната власт, која завршила по доаѓањето на Наполеон Бонапарта во 1798 година на островот, на патот кон неговиот поход кон Египет.

Во 1814 година, Малта станала дел од Британската империја во согласност со Договорот од Париз. Британското владеење траело 150 години до 1964 година кога Малта се здобила со независност. Британска власт на островот ги донела првите протестантски односно англикански мисионери, но сепак британска власт имала верска толеранција кон римскиот католицизам, како доминантна форма на христијанството во текот малтешки историја.

[уреди] Други религии

Еврејската популација во Малта била една од најголемите религиозни организации во средниот век во времето на Норман. Во 1479 година, Малта и Сицилија паднале под Арагонска власт и според декретот издаден од страна на шпанските власти во 1492 година сите Евреи биле принудени да ја напуштат земјата. Неколку малтешки Евреи биле христијанизирани, со цел да можат да останат во земјата.

Во земјата опстојуваат и други верски организации, како протестанти, Јехови сведоци, баптисти, муслимани и.т.н.

[уреди] Музика во Малта

[уреди] Спорт во Малта

[уреди] Наводи

[уреди] Видете исто така

[уреди] Надворешни врски

Одредници од МАЛТА
Средоземно Море
(Знаме на Италија Италија)
 
Средоземно Море
Compasspoint-nw.png С Compasspoint-ne.png
З RoseVents.svg И
Compasspoint-sw.png Ј Compasspoint-se.png
Средоземно Море
Средоземно Море
(Тунис Тунис)
 

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици