Солена вода

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Солена вода — општ поим што се однесува на вода што содржи значајна концентрација на растворена сол (NaCl). Концентрацијата се изразува во грамови или милиграмови на литар, во проценти (или промили) или во милионити делови (мд).

Малку соленикавата вода содржи 1-3 гр/л. Умерено солената вода содржи околу 3-10 гр/л, додека пак солената вода може да има од 10 до 35 гр/л. Морската вода има соленост од 35 гр/л.

Некои индустриски гранки користат солена наместо несолена вода. Такви се рударството и добивањето на термоелектрична енергија.


Соленост на водата во промили сол (‰)
Пресна вода Соленикава вода Солена вода Пресол
< 0,5 0,5 – 30 30 – 50 > 50

Својства[уреди]

Топлинската спроводливост на морската вода изнесува 0,6 W/mK при температура од 25 °C и соленост од 35 гр/кг.[1]. Спроводливоста се намалува при поголема соленост, а се зголемува со накачување на температурата.

Концентрацијата на сол во растворот се мери со соломер (салинометар).

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]