Кралство Арагон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралство Арагон
Reino d'Aragón
Regne d'Aragó

1035–1707 (делумна независност 1516-1707)  

Знаме Грб
Со жолто: Кралството Арагон при најголема распространетост, ~1250 г.
Главен град Зарагоза
Јазици арагонски, каталонски, кастилјски
Вероисповед Римокатолицизам
Уредување Монархија
Историски период Среден век
 -  Грофовијата Арагон станува независно кралство 1035
 -  Со т.н. Укази „Нуева Планта“ се укинуваат последните арагонски установи 1707 (делумна независност 1516-1707)

Арагон (шпански: Aragón) била франкска феудална грофовија (хака), која потоа се присоединила кон кралството Памплона (подоцна Навара) во 925. Подоцна грофовијата Арагон се одделила од Кралството Навара во 1035, и станала кралство под водство на Рамиро I. Кралството го освоило градот Зарагоза од Ел Андалус во 1118 и постоела како засебна сѐ до 1707. Кралството Арагон ѝ го дало името и на Арагонската Круна, по династичка унија на грофот на Барселона (Рамон Беренгвер IV) со кралицата на Арагон (Петронила Арагонска), па така нивниот син ги наследил териториите на обете. Круната била распуштена по династичката унија со Кастиља која требала да биде де јуре обединување на Шпанското Кралство по вековното де факто обединување под водство на еден монарх. Кралевите на Арагон ја имале и титулата Гроф на Барселона и владееле со територии не само во рамките на денешниот регион Арагон, туку и Каталонија, и подоцна Балеарските Острови, Валенсија, Сицилија, Неапол и Сардинија (видете Арагонска Круна).

Кралот на Арагон бил директен крал на Арагонскиот регион, а исто така ја имал титулата Крал на Валенсија, Крал на Мајорка (времено), Гроф на Барселона, Господар на Монтпелије, и времено, Војвода на Атина и Неопатрија. Со секоја од овие титули тој имал суверенитет
врз одреден регион, и истите се менувале како што кралот губел или добивал територии. Во XIV век неговата власт станала мошне ограничена заради Арагонската Унија.