Кралство Навара

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралство Навара
Reino de Navarra
Nafarroako Erresuma

824–1620
 

Знаме Грб
Кралство Навара во 1400 (темно зелено).
Главен град Памплона
Јазици Баскиски јазик, Шпански јазик
Вероисповед Христијанство (Римокатоличка)
Уредување Монархија
Историски период Среден век
 -  против Франките 824
 -  Името променето од Памплона во Навара 1004
 -  Шпанско освојување на Навара 1522
 -  Унија со Франција 1589
 -  Замрела 1620


Кралството Навара (шпан. Reino de Navarra, баскијски: Nafarroako Erresuma, фран. Royaume de Navarre), кое првобитно се нарекувало Кралство Памплона било европско кралство кое ги опфаќало териториите на двете страни од Пиринеите по брегот на Атлантикот.

Кралството било формирано кога локалниот Баскиски водач Ињиго Ариста бил избран или прогласен за крал на Памплона, веројатно во 824. година, и предводел бунт против регионалните власти на Франките.

Во средниот век, кралството повеќепати војувало со соседните Арагон, Кастилја и Франција. Навара имала стратешка важност како патен премин помеѓу Франција и Пиринејскиот полуостров. Поради војни, бракови и наследства со соседните земји, круната често преоѓала на Арагон, Кастилја или Франција.

Во 1513. јужниот дел на кралството Навара бил преземен од Кралството Кастиља, и така станало дел од обединетото Кралство Шпанија. Денес овој дел од кралството Навара е всушност територијата на областа Баскија во Шпанија.

Северниот дел на кралството останал независен, но се здружил со Франција преку личен сојуз кога во 1589. кралот Анри III од Навара го наследил францускиот трон како Анри IV од Франција. Анри IV бил првиот крал од династијата на Бурбоните во Франција. Неговиот син, Луј XIII во 1620. го споил кралството Навара со кралството Франција, но бурбонските кралеви ја задржале титулата „крал на Франција и на Навара“ сѐ до последниот од династијата, кралот Шарл X во 1830. година.

Кралството Навара било приврзано со католицизмот, имало сопствени институции сѐ до крајот на 19 век, вклучувајќи парламент, врховен суд, кралски совет и др. Шпанскиот монарх бил претставен од вицекрал.