Романија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Романија
România
Знаме Грб
ХимнаDeşteaptă-te, române!
Разбудете се, Романци!

Местоположбата на  Романија  (темнозелена)– на Европскиот континент  (светлозелена и темно сива)– во Европската Унија  (светлозелена)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Романија  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (светлозелена и темно сива)
– во Европската Унија  (светлозелена)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Букурешт
44°25′ СГШ 26°06′ ИГД / 
Службен јазик Романски1
Народности  89,5% Романци, 6,6% Унгарци, 2,5% Роми, 1,4% останати
Демоним Романци
Уредување Унитарна претседателска република
 -  Претседател Трајан Басеску
 -  Премиер Виктор Понта
Основање
 -  Трансилванија 10 век 
 -  Влашка 1290 
 -  Молдавија 1346 
 -  Прво обединување 1599 
 -  Реобединување на Влашка и Молдавија 24 јануари, 1859 
 -  Прогласена за независна 13 јули, 1878 
 -  Обединување со Трансилванија 1 декември, 1918 
ЕУ пристапила 1 јануари, 2007
Површина
 -  Вкупна 238.391 км2 (82)
 -  Вода (%) 3
Население
 -  проценка за јули 2008 21,504,442[1] (52)
 -  Попис 2002 21,680,974 
 -  Густина 93 жит/км2 (104)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 IMF
 -  Вкупен $272.881 милијарди[2] (41)
 -  По жител $12,698.43[2] (64th)
БДП (номинален) проценка за 2008 IMF
 -  Вкупно $213.891 милијарди[2] (38)
 -  По жител $9,953.33[2] (58)
Џини (2003) 312 (ниско) (21)
ИЧР (2008) 0.825 (високо) (62)
Валута Леа (L)2 (RON)
Часовен појас EET (UTC+2)
 -  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .ro .eu
Повик. бр. 40
1 Други јазици како унгарски, германски, турски, кримскотатарски, грчки, ромски, хрватски, украински и српски, се службени на одредени локални области.
2 Романска војна за независност.
3 Берлински договор.

Романија е земја во југоисточна Европа. Граничи со Украина и Молдавија на североисток, со Унгарија и Србија на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав). Романија на исток има мал излез на Црно Море. Источните и јужните Карпати минуваат низ централниот дел на земјата. Главниот град на Романија е Букурешт.

Членка е на НАТО од 2004 година. На 25 април 2005, во Луксембург, Романија потпиша договорот за членство во Европската Унија. Полноправен член е од 1 јануари 2007, заедно со Бугарија.

Романија се смета за латински остров во океанот од Словени. Името на оваа земја потекнува од името на градот Рим (Рома), или од името на Источното римско царство.

Етимологија[уреди]

Името Романија доаѓа од романскиот збор роман (român) кој пак потекнува од латинскиот назив Romanus. Во 16 век повеќе автори нагласиле дека населението се нарекува како „романи“. Првиот документ напишан на романски јазик било писмото Неакшу каде за прв пат во пишана форма се употребува зборот „романски“.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Романија.

Дакија[уреди]

Територијата на денешна Романија низ раната историја била на неколку пати населувана од страна на најразлични племиња како даките, гетите и голем број на индоевропски племиња. Во 106 година Дакија била заземена од страна на римскиот император Трајан. Според романските историчари, романскиот етнос настанал се мешењето на даките и римските колонисти по долината на река Дунав. Романскиот етнос се создавал паралелно со влашкиот. Постојат мислења според кој романскиот народ настанал со мешење на еленизираните траки и нивната романизација, авари, кумани и.т.н.

Среден век[уреди]

Во 13 век татарските племиња придонеле до слабеење на Унгарија. Во следниот 14 век било создадено кнежество Молдавија која станала центар на романската држава Влашка.

Османлиска империја[уреди]

Стратешката полоќба на кнежествата Молдавија и Влашкаво долниот тек на реката Дунав и на планинскиот превез на Карпатите овозможувале големи предности при паѓањето им во склопот на Османлиската империја. Бидејќи се наоѓале на север од Балканот, Влашка дури на почетокот од 15 век а Молдавија на крајот од 15 век станале обврзници да плаќаат даноци на Османлиската империја, а веќе на почетокот на 16 век биле анектирани. До средината на 19 век, службен јазик во Влашка бил кириличното писмо. Во 1861 година била воведена латиницата.

Независност[уреди]

Со одредувањето на висината на даночната обврска кон Султанот и со обединувањето во 1859 година под името Романија кое всушност било овозможено со раскинувањето на мировниот договор од Париз, Романија се ослободила од турското вазалство. Меѓународното признавање на Романија се случило во 1861 година, со референдум кој се одржал пет години подоцна. За прв кнез на Романија бил избран Карл I фон Хоенцолерн-Зигмаринген. За време на руско-турската војна од 1877 година, Романија била принудена од Русија да и обезбеди слободен премин на нејзините војски преку нејзината територија. Така, Османлиската империја и објавила војна на Романија. Истата година, на 21 мај Романија објавила независност. По војната и потпишувањето на Санстефанскиот договор, Османлиската империја ја признала независноста на Романија.

Во текот на Балканските војни, Романија ја принудила на Бугарија да ја предаде Силистра. По ова, романците навлегле длабоко кон внатрешнноста на Бугарија. Романија излегла како победник и Бугарија била принудена да и ја отстапи Добруџа.

Прва Светска војна[уреди]

Романија во текот на Првата светска војна до 1918 година учествувала на страна на Антантата. И покрај помошта која и била дадена од Русија, Романија доживеала пораз од германските, бугарските и турските сили. Поголемиот дел од нејзината територија била заземена од страна на Централни сили|Централните сили. По војната, Романија присоединила области од Руската империја, пред се Бесарабија, и од Австро-Унгарија пред се Трансилванија.

Втора Светска војна[уреди]

Romania1941.png
Романија во 20 век.

Романија во текот на Втората светска војна била на страната на Силите на оската. Во 1941 година, нејзините војски се приклучиле кон оние на Нацистичка Германија за походот кон СССР односно во битката кај Сталинград. Бесарабија повторно била вратена на Романија. На 20 август 1944 година започнала големата офанзива на Црвената армија. Капитулацијата на Романија дошла многу бргу по навлегувањето на советските сили.

По војната[уреди]

По крајот на Втората светска војна, Бесарабија била повторно вратена на СССР, од чија територија се создала Молдавска ССР. На 10 декември 1947 година Романската комунистичка партија ја зазела власта во Букурешт. Во периодот на комунизмот, Романија била под целосно влијание на СССР. Во 1965 година на чело на државата дошол Николае Чаушеску. Неефективната стопанска политика довела до банкрот на државните резерви. Во 1981 година Романија била определена како некредитоспособна држава.

Падот на комунизмот[уреди]

По паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, во Букурешт избувнале големи демострации за поголеми права и слободажи на романскиот народ. Диктаторот Чаушеску, заедно со неговата сопруга Елена биле фатени во бегство и заробени на 25 декември 1989 година. Набргу биле стрелани.

По ова, во Романија била воведена демократијата. Во 2004 година се приклучила кон НАТО пактот. На 25 април 2005, во Луксембург, Романија потпиша договорот за членство во Европската Унија, а во 2007 година пристапила кон унијата.

Географија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Романија.
Физичка карта на Романија.

Со површина од 238.391 километар квадратен, Романија е најголема држава во југоисточна Европа и дванаесетта најголема држава во Европа. Голем дел од романската граница граничи со Србија и Бугарија, односно со реката Дунав. Реката Прут ги дели Романија и Молдавија. Во Романија се влива реката Дунав кој ја прави втората најголема и најдобро зачувана делта во Европа.

Територијата на Романија е подеднакво покриена од планини и рамници. Карпатите доминираат во централна Романија и 14 врвови се со висина од над 2000 метри. Највисок врв во Романија е Молдавски Врв до висина од 2.544 метри. Позначајни низини се Влашка низина и Наслов на врскаМолдавија (регион)|Молдавија

Демографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Романија.
Демографија на Романија

Во Романија има 20 етнички малцинства, на кои им се загарантирани сите права според меѓународните конвенции. Меѓу другото, на секое од нив Уставот им гарантира по едно пратеничко место во романскиот парламент. Меѓу признатите малцинства во Романија се и Македонците. Романија одсекогаш имала мегаломански ставови спрема ароманското (влашкото) население на Балканот, а овие ставови остануваат непроменети до денес. Имено, иако Романија ги „признава“ Ароманците исклучиво како Романци, од своја страна не им ги признава нивните основни права. Романија има 21.698.181 жители.

Јазик[уреди]

Службен јазик во Романија е романскиот јазик, дел од романските јазици. Јазикот го зборуваат околу 91% од населението. Покрај романскиот, поголеми малцински јазици во Романија се унгарски јазик и ромски јазик.

Религија[уреди]

Романија е секуларна држава и нема национална религија. Најголема религиска организација е Романската православна црква во која членуваат околу 86.7% од романското население. Покрај православието, други позначајни религии се католицизмот со 4.7% и протестантството со 3.7%. Во Романија живее и мало турско население кое е дел од исламската религија.

Македонците во Романија[уреди]

Денес во Романија живеат околу 15 000 Македонци, населени во различни делови на земјата (Добруџа, Долж...). Тие се потомци на доселеници од Македонија, дојдени во различно време и од сите делови на етничка Македонија. Оние, чии предци дошле пред повеќе векови, знаат само дека се од Македонија, на пример, од Пиринско, Прилепско или од други делови на Македонија. Потомците на подоцна доселените си го знаат и точното место (град или село) на потекло.

Во Романија не е дозволено формирање на политички организации на етничка основа, но затоа Македонците имаат свој претставник во парламентот.

Тие се организираат и преку „Друштвото на Македонците во Романија“ (Asociatia Macedonenilor din Romania).

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Романија.

Уставот на Романија е базиран на уставот на петтата француска република и бил одобрен на национален референдум на 8 декември 1991 година. Подоцна во 2003 година се донесени нови амандмани на уставот за усогласувањето со европскиот правен систем. Романија е повеќепартиска демократија и има поделба на законодавната, извршната и судската власт. Таа исто така е полупретседателска република. Претседателот се избира на избори со петгодишен мандат. Претседателот го назначува премиерот, додека премиерот го назначува кабинетот на министри.

Парламентот на Романија се состои од два дела, сенатот кој има 140 места и Комора на пратеници кој има 364 пратеници.

Административна поделба[уреди]

Административна поделба на Романија
Романија, 1939

Романија се состои од 41 округа и самоуправна административна единица Град Букурешт.

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Романија.

Со БНП од 264 милијарди долари во 2008 година Романија важи за средно развиена држава и е дел од ЕУ од 1 јануари 2007 година. По падот на комунизмот во Романија, економијата на државата била во големи кризи и падови. Од 2000 година економијата почнала да се зајакнува и владата на Романија презела економски мерки за развој на нејзината економија. БНП во 2007 година пораснал за 7.7% кој бил еден од највисоките во Европа. Според Евростат, БНП по глава на жител на Романија изнесувал 46% од просечнот БНП на ЕУ.

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Романија.

Културата на Романија е уникатна поради географската положба на државата и нејзиниот историски развој. Романската култура може да се опише со три различни културни сфери на Европа: централноевропска, источноевропска и балканска, но сепак Романија не може целосно да се вметне во ниту една од тие три. Романскиот идентите е составен од мешано население на Римската Империја и на Дакија, со влијание на други култури. Големо влијание врз романската култура имале Франција и Германија.


Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Влада
Општо
Patuvawe