Алба (округ)
| Округ Алба Alba |
|
|---|---|
| Покраина | Трансилванија |
| Седиште | Алба Јулија |
| Население | 382.747 (2002) |
| Површина | 6.242 km2 |
| Густина на населеност | 61/km2 |
| ISO 3166-2 шифра | RO-AB |
| Мрежно место | www.cjalba.ro |
Алба (романски: Judeţul Alba, унгарски: Fehér megye) е округ во Романија, сместен во средишниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Алба Јулија, а значајни градови се и градовите Ајуд, Блаж и Себеш.
Содржина |
[уреди] Географија
[уреди] Местоположба
Округот Алба е копнен округ, кој се граничи:
- на север со: Клуж;
- на североисток со: Клуж;
- на исток со: Сибињ;
- на југ со: Валча;
- на југозапад со: Хунедоара;
- на запад со: Арад;
- на северозапад со: Бихор.
[уреди] Релјеф
Округот е дел од историската покраина Трансилванија. Во западниот дел се простира планината Бихор, а во јужниот Карпатите, деоека во средишниот дел на округот се простира плодната долина Мориш.
[уреди] Демографија
Алба спаѓа во групата на окрузи, во кои живее претежно романско население. Според пописот во 2002 година, структурата на населението била следната:
Бројот на населението во округот по временски периоди е претставен во следната табела:
| Година | Население[2] |
|---|---|
| 1948 | 361,062 |
| 1956 | 370,800 |
| 1966 | 382,786 |
| 1977 | 409,634 |
| 1992 | 413,919 |
| 2002 | 382,747 |
[уреди] Економија
Главни индустриски гранки во округот се:
- прехранбената индустрија;
- текстилната индустрија;
- дрвната индустрија;
- механиката;
- производството на хартија; и
- хемиската индустрија.
[уреди] Минерални ресурси
Округот Алба е богат со минерални ресурси. Најобилни метали се златото, среброто и бакарот. Освен тоа од округот се исцрпува и сол, а се користат и градежни материјали како мермер и гранит.
[уреди] Административна поделба
Округот е поделен на 4 општини, 7 градови и 68 комуни.
[уреди] Наводи
- ↑ Државен завод за статистика, "Populaţia după etnie"
- ↑ Државен завод за статистика, "Populaţia la recensămintele din anii 1948, 1956, 1966, 1977, 1992 şi 2002"
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Алба (округ)“ |
|
||||||||||||||||
|
|||||||


