Лунка Мурешулуј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лунка Мурешулуј
—  Комуна  —
Лунка Мурешулуј се наоѓа во Романија
Лунка Мурешулуј
Местоположба во Романија
Координати: 46°26′ СГШ 23°54′ ИГД / 
Држава  Романија
Округ Алба
Површина
 • Вкупна 31,35 км2
Население (2002)[1]
 • Вкупно 2.669 жит.
Час. појас ИВ (UTC+2)
 • Лете (DST) ИЛВ (UTC+3)

Лунка Мурешулуј (романски: Lunca Mureşului, унгарски: Székelykocsárd, германски: Holten) е комуна, која се наоѓа во округот Алба, Романија и во која живеат 2.510 жители (податок од 2009). Освен центарот на комуната, кој го носи истоименото име, во комуната се наоѓа и селото Гура Арјешулуј.

Географија[уреди]

Лунка Мурешулуј зафаќа површина од 31,35km2 и се наоѓа на брегот на реката Муреш во североисточниот дел од округот Алба, на околу 10 km од градот Окна Муреш, околу 20 km од градовите Кемпија Турциј и Лудуш и 60 km од окружниот главенн град, Алба Јулија.

Комуната се граничи со округот Клуж на север, округот Муреш на северозапад, градот Окна Муреш на запад и комуната Ношлак на југ.

Лунка Мурешуј има големо географско значење, бидејќи на нејзина територија реката Арјеш се влева во реката Муреш.

Демографија[уреди]

Во табелата се дадени промени во бројот и етничкиот состав на населението во комуната.

Број на население Етнички состав
Година Население Романци Унгарци Германци други
1850 1.631 807 635 - 189
1900 2.134 990 1.138 6 -
1977 2.821 1.702 1.042 - 77
2002 2.669 1.719 755 - 195

Најголем број на население било регистрирано во 1977 година. Најголемиот дел од населението го сочинуваат Романци и Унгарци, а од 1880 година биле регистрирани и 9 Германци, двајца Срби, еден Словак и еден Украинец.[2]

Наводи[уреди]