Браила (округ)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Округ Браила Brăila |
|
|---|---|
| Покраина | Мунтенија |
| Седиште | Ботошани |
| Население | 373.174 (2002) |
| Површина | 4.766 km2 |
| Густина на населеност | 78/km2 |
| ISO 3166-2 шифра | RO-BR |
| Мрежно место | www.cjbraila.ro |
Браила (романски: Judeţul Brăila) е округ во Романија, сместен во југоистичниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Браила.
Содржина |
[уреди] Географија
[уреди] Местоположба
Округот Браила е копнен округ во Романија. Окружен е:
- на север со: Галац;
- на исток со: Тулча;
- на југоисток со: Констанца;
- на југ со: Јаломица;
- на запад со: Бузау;
- на северозапад со: Вранча.
[уреди] Релјеф
Округот се наоѓа во Влахија, поточно во нејзината јужна област Мунтенија. Релјефот во целиот округ е рамничарски. Во јужните делови од округот, по окружната граница тече реката Дунав, која го одвојува овој дел од Романија со областа Добруџа. Округот е најсушниот дел во низината, познат како Бараганска степа. Во северните делови тече реката Сирет, која претставува и граница кон регионот Молдавија.
[уреди] Демографија
Округот спаѓа во групата на окрузи во Романија во кои претежно живее романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 98% од населението во округот, а од останатите најбројни се Ромите и Русите.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Браила (округ)“ |
|
|||||||

