Бакау (округ)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Округ Бакау Bacău |
|
|---|---|
| Покраина | Молдавија |
| Седиште | Бакау |
| Население | 706.623 (2002) |
| Површина | 6.606 km2 |
| Густина на населеност | 113/km2 |
| ISO 3166-2 шифра | RO-BC |
| Мрежно место | www.csjbacau.ro |
Бакау (романски: Judeţul Bacău) е округ во Романија, сместен во средишниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Бакау, а значајни градови се и Обешти и Тергу Очна.
Содржина |
Географија [уреди]
Местоположба [уреди]
Округот Бакау е копнен округ во Романија. Окружен е:
- на север со: Њамц;
- на исток со: Васлуј;
- на југоисток со: Галај;
- на југ со: Вранча;
- на југозапад со: Ковасна;
- на запад со: Харгита.
Релјеф [уреди]
Бакау се наоѓа во регионот Молдавија. Округот се простира по средишниот дел од течението на реката Серет. Во западниот дел од округот се издигаат Карпатите, а во остатокот од округот е нивното подножје. Во јужниот дел од округот течезначајната река Тортуш.
Демографија [уреди]
Округот спаѓа во групата окрузи во Романија, во кои претежно живее романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат повеќе од 96% од населението во округот. Сепак овој округ е специфичен по тоа што во него живее специфичната унгарска етничка заедница Чанго, кои сочинуваат 0,7% од населението. Од останатото население, најбројни се Ромите.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Бакау (округ)“ |
|
|||||||
