Бузау (округ)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Округ Бузау Buzău |
|
|---|---|
| Покраина | Мунтенија |
| Седиште | Бузау |
| Население | 496.214 (2002) |
| Површина | 6.103 km2 |
| Густина на населеност | 81/km2 |
| ISO 3166-2 шифра | RO-BZ |
| Мрежно место | www.cj.ro |
Бузау (романски: Judeţul Buzău) е округ во Романија, сместен во средишниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Бузау, а значаен е и градот Рамнику Сарат.
Содржина |
[уреди] Географија
[уреди] Местоположба
Округот Бузау е копнен округ во Романија. Окружен е:
- на север со: Ковасна;
- на североисток со: Вранча;
- на исток со: Браила;
- на југоисток со: Јаломица;
- на југ со: Илфов;
- на запад со: Прахова;
- на северозапад со: Брашов.
[уреди] Релјеф
Округот се наоѓа во Влахија, поточно во нејзината јужна област Мунтенија. Во округот рече реката Бузау, по кого округот го добил името. Во северната третина, округот се карактеризира со планински релјеф, каде што се простираат Карпатите. Средишниот дел е богато и плодно подрачје, коешто е густо населено и кон југ постепено преоѓа во Влашката низина.
[уреди] Демографија
Округот спаѓа во групата на окрузи во Романија во кои претежно живее романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 98% од населението во округот, а од останатите најбројни се Ромите.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Бузау (округ)“ |
|
|||||||

