Констанца (округ)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Округ Констанца Constanţa |
|
|---|---|
| Покраина | Добруџа |
| Седиште | Констанца |
| Население | 715.151 (2002) |
| Површина | 7.071 km2 |
| Густина на населеност | 101/km2 |
| ISO 3166-2 шифра | RO-CT |
| Мрежно место | www.cjc.ro |
Констанца (романски: Judeţul Constanţa) е округ во Романија, сместен во југоисточниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Констанца, а значајни се и градовите Менџидија, Мангалија и Наводари.
Округот Констанца е најважниот приморски округ во Романија. Градот Констанца е единственото големо пристаниште во земјата, а во округот се наоѓаат сите познати летувалишта на Црното море во земјата, како Мангалија, Мамаја, Ефорие и Тузла.
Содржина |
Географија [уреди]
Местоположба [уреди]
Округот Клуж е приморски округ во Романија, а воедно и граничен кон Бугарија. Окружен е:
Релјеф [уреди]
Округот се наоѓа во историската област Добруџа. Сместен е меѓу течението на реката Дунав, која го одвојува од областа Влахија и Црното море. Во средишниот дел на округот ископан е каналот Чернавода-Негру Вода. Северниот дел на округот е рамничарски, а јужниот ридест.
Демографија [уреди]
Округот спаѓа во групата на окрузи во Романија во кои живее претежно романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 91% од населението во округот, а од останатите најбројни се Турците кои сочинуваат 3,4% од вкупното население, Татарите 3,2% и Ромите 1%. Останатите 1,4% се припадници на некоја друга етничка заедница.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Констанца (округ)“ |
|
|||||||