Европска асоцијација за слободна трговија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европска слободна трговија
(EFTA)
Association européenne de libre-échange (AELE) (француски)
Europäische Freihandelsassoziation (германски)
Fríverslunarsamtök Evrópu (исландски)
Det europeiske frihandelsforbund Шаблон:No icon
Секретаријат Женева, Швајцарија
Официјални јазици Германски, Француски, Норвешки, и Ислендски
Тип Трговски блок
Членки  Исланд
 Лихтенштајн
 Норвешка
 Швајцарија
Лидери
 -  Генерален Секретар Кар Брин
Основана 3 мај 1960
 -  EFTA Convention 4 јануари 1960 
Површина
 -  Вкупна 529.600 км2 
Население
 -  проценка за 2007 12,660,623 
 -  Густина 100.6 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2007 (Меѓународен монетарен фонд)
 -  Вкупен $567.5 billion 
 -  По жител $44,828 
БДП (номинален) проценка за 2007 (Меѓународен монетарен фонд)
 -  Вкупно $743.3 билион 
 -  По жител $58,714 
Валута Исландска круна, Норвешка круна, Швајцарски франк (ISK, NOK, CHF)
Часовен појас WET / CET (UTC+0 / +1)
 -  (ЛСВ) WEST / CEST (UTC+1 / +2)

Европската асоцијација за слободна трговија (на англиски: European Free Trade Association или EFTA) е воспоставена на 3 мај, 1960 година како алтернатива за европските држави на кои не им било дозволено или не сакале да се придружат кон Европската Заедница (денес наречена Европска Унија).

Договорот бил потпишан на 4 јануари, 1960 во Стокхолм од седум држави. Денес само Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн се членови на ЕСТА.

Додатно, државите од ЕСТА склучија слободни трговски договори со бројни други држави низ светот.

Историја на членството[уреди]

Првите земји-членки на ЕOСТ(Европска организација за слободна трговија ) биле Обединетото Кралство, Данска, Норвешка, Шведска, Австрија, Швајцарија и Португалија.

Финска стана придружен член во 1961 година (целосен член постана во 1986), додека Исланд се приклучи во 1970. Обединетото Кралство и Данска се приклучија кон Европската Заедница во 1973 година (заедно со Ирска), со што тие престанаа да бидат членови на ЕСТА. Португалија исто така ја напушти оваа организација поради нејзиното приклучување кон Европската Заедница во 1986. Лихтенштајн се придружи во 1991 (претходно неговите интереси во ЕСТА беа претставувани од Швајцарија). На крај, Австрија, Шведска и Финска се приклучија кон Европската Заедница во 1995 година и престанаа да бидат членови на ЕСТА.

Институции[уреди]

ЕСТА се состои од следните институции: секретаријат, совет на ЕСТА, оддел за набљудување и суд на ЕСТА.

ЕЕО-поврзани институции[уреди]

ЕСТА одделот за набљудување и судот на ЕСТА ги регулираат активностите на членките на ЕСТА во насока на нивните обврски во Европската Економска Област (ЕЕО). Бидејќи Швајцарија не е член на ЕЕО, таа не учествува во овие институции.

ЕСТА одделот за набљудување ја игра улогата на Европската Комисија како "чувар на договорите" за ЕСТА членките, додека судот на ЕСТА ја игра улогата на Европскиот Суд за Правда за тие земји.

Местоположби[уреди]

Секретаријатот на ЕСТА е со седиште во Женева, Швајцарија. Одделот за набљудување е со седиште во Брисел, Белгија (исто како и седиштето на Европската Комисија), додека судот на ЕСТА е со седиште во Луксембург (истата местоположба како и Европскиот Суд за Правда).

Надворешни врски[уреди]