Руско-турска војна (1806-1812)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Руско-турска војна (1806–1812)
Дел од Руско-турски војни и Наполеонски војни
Athosbattle.jpg
Датум 1806–1812
Место Молдавија, Влашка, ерменија и Дарданели
Исход Руска победа
Територијачни
промени
Букурешки договор (Бесарабија била заземена од Русија)
Завојувани страни
Русија Руска империја Отоманска империја Отоманска империја

Руско-турската војна (18061812) се водела помеѓу Руската империја и Османлиската империја. Војната ја започнала Османлиската империја, која сакала да ги заземе Молдавија и Влашка. Оваа војна е дел од т.н. Наполеонски војни. Војната завршила со потпишување на договор во Букурешт на 8 мај 1812 година, според кој, Бесарабија (источната половина од Молдавија) била припоена кон Руската империја, реката Прут станала нова западна граница на Руската империја. Исто така Русија се здобива со право на трговија по реката Дунав.

Позадина[уреди]

Војната започнала во 1806 година од османлискиот султан Селим III кој бил охрабрен од рускиот пораз во битката кај Аустерлиц и кој бил советуван од страна на Франција за воен поход. Франција во исто време ја окупирала Далмација и целта била да навлезат во дунавските кнежества. Со цел да се заштитат руските гранични војници од евентуална француска инвазија 40.000 припадници на рускиот контингент навлегле во Молдавија и Влашка. Султанот реагирал со блокирање на Дарданелите за руската бродови.

1806-1808[уреди]

Првично, царот Александар I не сакал да се концентрира на војната против Отоманската империја, а неговите односи со Наполеон сеуште биле неизвесни и главниот дел од неговата војска била окупирана со борба против Наполеон во Прусија. Големата османлиска офанзива довела до руска окупација на влашкиот град Букурешт по кое следувале порази на османлиските сили на 2 јуни 1807 година кај Обилештија и Ахурјан на 18 јуни. Во меѓувреме, руската царска морнарица ги блокирала Дарданелите и ги поразила Османлиите. По овој пораз Селим III бил симнат од власт. И покрај тоа османлиската флота доживеала уште еден пораз следниот месец во битката за Атос.

1808–1810[уреди]

Војната била на самиот крај доколку не бил потпишан договорот во Тилсит под услови на Наполеон. Ова примирје го искористил рускиот цар Александар I каде поголемиот дел од своите воени сили ги префрлил од Прусија во Бесарабија. Така јужната руска армија броела околу 80.000 луѓе. Рускиот генерал Прозоровски направил мал напредок. Во август 1809 година руските сили успеале да го поминат Дунав и да ја заземаат Добруџа. По ова започнала опсадата на Силистра но кога пристигнала веста дека 50.000 турски војници доаѓаат кон градот, руските сили се повлекле во Бесарабија. Следната 1810 година следувале порази на Османлиите кај Силистра и Шумен.

По војната[уреди]

По успехот на Русите дошло до битка во 1811 година кога кон Русе се упатиле 60.000 османлиски војници. По ова рускиот генерал Кутузов започнал повлекување на своите сили во денешна Романија минувајќи ја реката Дунав. Но по еден месец еден одред од руските сили се вратил преку реката Дунав и потполно ги изненадил силите на Ахмед Паша. На 2 октомври повеќе од 9.000 османлиски војници биле убиени.

Сето тоа довело до барање на мировен договор кој бил потпишан во Букурешт. Според договорот на Русија била отстапена Бесарабија и покрај тоа што оваа земја припаѓала на нејзината вазална држава Молдавија,