Руско-турска војна (1686-1700)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Руско-турска војна (1686–1700)
Дел од Руско-турски војни
Azov.jpg
Зазимање на Азов од страна на рускиот император Петар Велики
Датум 1686–1700
Место Крим, Азов
Исход Отоманците го признале заземањето на Азов од страна на Русите
Завојувани страни
Flag of Russia 1668.png Царство Русија
Banner of the Holy Roman Emperor (after 1400).svg Хабсбуршка империја
Полско-литванска унија
Flag of the Cossack Hetmanat.svg Козаци
Ottoman flag.svg Отоманска империја
Gerae-tamga.png Кримско ханство

Руско-турската војна од 1686-1700 претставува дел од заедничките напори на европските сили да се спротистават на Османлиската империја. Поголемиот дел од оваа војна е позната и како Голема Турска војна.

Руско-турската војна започнала кога Царство Русија се приклучила на европската анти-османлиска коалиција предводена од Хабсбуршка Австрија, Полско-литванската унија и Венецијанската република, во 1686 година. За време на војната, руската армија организирала два поголеми походи: Кримска кампања (1687 и 1689) и Азовска кампања (1695 и 1696). Војната завршила со потпишување на договор во Константинопол во 1700 година.

Позадина[уреди]

Руско-турската војна (1676-1681) завршила со потпишување на договор според кој двете земји требало да се воздржат од напади во следните 20 години. Западна Украина заедно со Подолија останале во составот на Османлиската Империја. Во следните години Османлиите воделе неуспешна опсада на Виена во 1683 година по кое следувале и губење на терирории во Европа на сметка на Османлиите.

Но во времето на царица Софија односите меѓу двете земји добиле нов карактер кога Русија започнала да ги напаѓа териториите кај Крим. Ова бил еден од првите конфликти во кои Османлиите морале да се бранат, наместо да напаѓат. Во 1684 година Русија се приклучила кон Светата лига а според договорот Полска морала да го отстапи Киев на Русија. Договорот бил склучен на 21 април 1686 година.

Кримски поход[уреди]

Во 1686 година лотарингскиот војвода го освоил Офен, во 1687 година големиот везир Сулејман паша доживеал пораз кај Мохач. Поразот на османлиската армија предизвикало бунт меѓу јаничарите по кое Мехмед бил симнат од власт а на негово место бил поставен неговиот брат Сулејман II, кој не бил способен да владее. Вонјата продолжила и во времето на Ахмед II (1691-95) и Мустафа II (1695-1703). Венецијанците нападнале во Егејско Море, Австријците го освоиле Белград (но наскоро пак биле принудени да го напуштат) и сите значајни тврдини на Унгарија, Славонија и Трансилванија, Полјаците пак зазеле дел од Молдавија.

Кримскиот поход го започнале Русите на чело со кнезот Василиј Голоцин. Кон нивните сили се присоединиле и украинските козаци. И покрај тоа што козачкиот хетман Самоилович бил негативно настроен кон сојузот меѓу Москва и Полско-литванската унија, сепак зел учество во првиот кримски поход. Овој поход бил неуспешен главно поради неговата организација па затоа Голицин се повлекол.

Во пролетта на 1689 година, Голоцин на чело со 112.000 армија направил втор поход кон Крим. Во првата битка тој ги победил Кримските Татари, но поради недостатокот на вода и појавата на епидемија меѓу војниците довело тој повторно да се повлече.

Азовски поход[уреди]

Азовскиот поход е назив за походот кој бил преземан од страна на Руското царство против Османлиската империја. Целта на Петар Велики била Русија да излезе на Азовско Море и Црно Море. Походот започнал во 1695 година.

Првиот поход започнал во есента 1695 година кога рускиот цар Петар Велики по долината на река Дон со околу 30.000 војници и 170 топови, се упатил кон Азовско море. По два неуспешни напади на 5 и 25 септемврим Русите морале да се повлечат на 1 октомври. Другиот дел од армијата, околу 120.000 војници, под команда на Борис Шереметиев се преместила по долината на реката Днепар, каде успеале да заземат две тврдини, но сепак не биле во можност да ги зачуваат своите позиции па се повлекле главно поради недостаток на флота.

Кон крајот на истата година, 1695 година, започнале приопреми за нов поход. Коњаницата броела околу 70.00 војници. Во периодот помеѓу 23 и 26 април, под раководство на Алексеј Шејн, руската армија тргнала кон Азовско Море. Од друга страна пак, Петар Велики со 29 бродови се упатиле по реката Дон и Воронеж. На 27 мај војските го блокирале Азов. По започнувањето на борбите, на 14 јуни дошло до поразување на Османлиите.

Мировен договор[уреди]

Константинополскиот мировен договор бил склучен на 3 јули 1700 година и истиот ставил крај на Руско-турската војна. Според договорот, Османлиите ги срушиле тврдините кои се наоѓале по долината на реката Днепар, Руската империја го добила Азов и околината околу него, а Петар Велики ја осигурил неутралноста на Османлиската Империја во Големата северна војна.