Опсада на Белград (1690)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Опсада на Белград (1690)
Дел од Голема турска војна, Отоманско-хабсбуршки војни и Отоманско-полска војна
Датум 2–8 октомври 1690
Место Белград, Отоманско Царство
Исход Отоманска победа
Територијални
промени
Отоманско освојување на Белград
Завојувани страни
Отоманско Царство  Свето Римско Царство
Команданти и водачи
Ќопрулу Фазил Мустафа-паша Свето Римско Царство Фердинанд Гобер фон Аспремон Линден


Опсадата на Белград од 1690 година — петта опсада на тој град, која се случила за време на Големата турска војна[1].

Белград бил освоен од Австријците на чело со Максимилијан II Емануел, на 6 септември 1688 година, по петнеделна опсада. Само 20 дена подоцна, кралот Луј XIV ја нападнал Рајнската област, започнувајќи ја Деветгодишната војна. Оваа инвазија го натерало царот да ги запре сите офанзиви на Балканот и да го пренасочи најголемиот дел од својата војска на исток кон Рајна. Оваа диверзија им овозможило на Османлиите под големиот везир Фазил Мустафа-паша да ја прегрупираат својата војска и повторно да ја преземат иницијативата. Во 1690 година, Османлиите повторно го зазеле Ниш и до 2 октомври стигнале до Белград.

Опсадата траела само шест дена, бидејќи Австријците биле принудени да се предадат кога нивната главна барутница била погодена од турска граната и експлодирала. Белград тогаш бил заземен од Османлиите.

Турците го задржиле градот до 1717 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Војна енциклопедија (1970), 562