Опсада на Виена (1683)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Опсада на Виена
Дел од Голема турска војна и Османлиско-хабсбуршки војни

Битката кај Виена на 11 септември 1683
Датум 11 септември 1683
Место Виена, Австрија
Исход Победа на Светата лига
Завојувани страни
Света Лига:

Полско-литванска Државна Заедница
Хабсбуршка Монархија Хабсбуршка монархија
 Баварија
Саксонија
Франконија
Швабија
Козаци
Големо војводство Токсана

 Османлиско Царство
Османлиско Царство:
Кримски каганат
Кнежевство Трансилванија
 Влашка
 Регион Молдавија
Команданти и водачи
Јан III Собиески
Хабсбуршка Монархија Ернст Рудигер фон Стархемнберг
Османлиско Царство Кара Мустафа-паша
Сила
84,000 војници
  • 152 cannon
150,000 или 300,000 војници
  • 20,000 јаничари
  • 300 heavy топови
Жртви и загуби
2000 убиени, 2500 ранети Најмалку 10 000 убиени, околу 5000 ранети, повеќе од 5000 заробени, цело оружје запленето

Битката кај Виена се одржила на 12 септември 1683 година, откако Османлиското Царство го опсадила градот Виена во период од два месеци. Битката го сопрела повторниот обид на Османликсата империја да ја зазеде престолнината на Австрија. Претходниот обид бил во 1529 година. Оваа битка го означил почетокот на хегемонијата на Хабсбуршката династија во Средна Европа. Полскиот крал Јан III Собиески бил на чело на обединетите полско-австриско-германски сили против османлиската армија под команда на големиот везир Кара Мустафа-паша. Опсадата започнала на 14 јули 1683 година од околу 90 000 војници, меѓу кои и 12 000 јаничари. На 12 септември пристигнала европска армија од околу 84 000 војници и се соочила против Османлиите. Во годините по битката, Хабсбуршката династија ја ослободила јужна Унгарија и Трансилванија од османлиска власт.

Позадина[уреди | уреди извор]

Зазимањето на градот Виена веќе долго време била стратешка аспирација на Отоманското Царство, поради неговата контрола над Дунавска јужна Европа и копнените трговски патишта. Во текот на годините пред Втората опсада (првата била во 1529), под покровителство на големите везири од влијателната Ќорпулска фамилија, Османлиите презеле масовна подготовка за нападот вклучувајќи ги и поправките и воспоставувањето на патишта и мостови кои воделе кон Светото Римско Царство. Освен тоа биле направени и складишта за муниција, топови на Балканот. Од 1679 во Виена беснеела чума[1].

На политички план во 1681 година протестантите и други антиавстриски сили дале значајна помош на османлиските сили. Османлиите на Унгарците им го обеќале кралството Виена доколку падне градот во нивни раце. Леополд I создал непријатели кај протестантите бидејќи ја поддржал контрареформацијата. Конфликтот меѓу Австрија и унгарските поддржувачи довело до навлегување на австриските војски во Централна Унгарија, а ова пак било причина големиот везир Кара Мустафа-паша да го убеди на султан Мехмед IV да започне воен поход. Османлиската армија се мобилизирала на 21 јануари 1682 година, а војната била објавена на 6 август истата година. а Османлиите им биле потребни три месеци за да започнат со опсадата па поради доаѓањето на зимата опсадата била одложена за следната 1683 година. Ова најмногу им користело на Хабсбуршките власти за да се подготват доволно за одбрана на градот и да започнат да преговараат со христијанските земји од Европа за сојузништво. Леополд I и кралот на Полска Јан III Собиески склучиле договор во зимата според кој австриските сили ќе помогнат доколку Османлиите навлезат кон Краков и обратно за Виена.

Опсада[уреди | уреди извор]

На 14 јули Османлиите пристигнале пред Виена и Кара Мустафа-паша пратил традиционално барање за предавање на градот[2]. Ернст Рудигер Граф фон Стархемберг, водачот на 11,000 војници и 5,000 граѓани и доброволци на градот одбиле да се предадат. Пред неколку дена тој добил информација за масакрот на граѓаните на Перхтолсдорф, гратче јужно од Виена, кои доброволно го предале градот[3]. Кара Мустафа-паша најпрвин наредил копање на канал од ровови преку кои Турците постепено ќе се приближуваат до градските ѕидови. Бидејќи османлиските топови биле застарени а виенските ѕидини биле доста силни, Османлиите се стремиле преку копањето тунели да навлезат во градот. Кара Мустафа-паша слободно можел да нареди бомбардирање на градот бидејќи соодносот на силите бил 20:1 но според некои извори тој сакал богатството на градот да го задржи и да го заземе по неговото паѓање.

Турскиот напад нанел штета на катедралата Свети Стефан. Следувал прекин на испораката на храна за Виена, граѓаните и волонтерите страдале многу како резултат на тоа. Самиот Ернст Рудигер Граф фон Стархемберг наредил да се погуби секој војник фатен како спие на должност. Очајнички, кон крајот на август стигнала информација дека кон Виена се движи голема армија на лотарингскиот војвода Карл V. На 5 септември пак полските сили го поминале Дунав и биле на само 30 километри западно од Виена. Од сите христијански владетели единствено францускиот крал Луј XIV не помогнал.

Битка[уреди | уреди извор]

На чело на христијанската армија застанал Јан III. Во 4 часот наутро на 12 септември Турците ги нпаднале силите на Светата лига за да го спречат распоредувањето на нејзините сили. Австријците на левото крило и Германците во центарот преминале во офанзива. Кара Мустафа-паша против нив испратил поголемиот дел од своите сили, но ги задржал дел од елитните јаничари и спахии за инвазијата во градот. Наместо да се фокусират на битката, Османлиите продолжиле со минирање на градските ѕидини. Уморна османлиската армија најпрвин доживеала неуспех во минирањето, а подоцна и од сојузничката коњаница.

Последици[уреди | уреди извор]

Османлиите имале околу 15,000 жртви, 5,000 заробени заедно со сите топови. Сојузниците имале околу 4500 жртви. И покрај победата и повлекувањето на Османлиите, голем дел од муслиманските заробеници биле убиени. Пленот бил многу голем вклучувајќи го и знамето и коњите на Кара Мустафа Паша. Самиот полски крал на својата сопруга по неколку денови и напишал дека заплениле огромно количество на овци, говеда и дека управителот на градот го нарекол спасител[4].

Веднаш по крајот на опсадата и поразот на Османлиите, виенските ѕидини биле поправени. Кара Мустафа-паша при повлекувањето бил задавен во Белград. Во следните години Собиески ја зазел Унгарија која била под османлиска власт уште од времето на Сулејман I.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nähere Untersuchung der Pestansteckung, Seite 42, Pascal Joseph von Ferro, Joseph Edler von Kurzbek k.k. Hofbuchdrucker, Wien 1787.
  2. The original document was destroyed during World War II. For the German translation, see here Архивирано на 29 мај 2008 г.
  3. Palmer, Alan, The Decline and Fall of the Ottoman Empire, p.12, Published by Barnes & Noble Publishing, 1992. ISBN 1-56619-847-X
  4. „Letter from King Sobieski to his Wife“. Letters from King Sobieski to his wife. University of Gdansk, Department Cultural Studies Faculty of Philology. Посетено на 4 August 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]