Опсада на Егер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Опсада на Егер
Дел од Османлиски војни во Европа и Османлиско-хабзбуршки војни
Egri no .jpg
Жена од Егер
Датум 1552
Место Егер, Унгарија
Исход Унгарска победа
Завојувани страни
Османлиска империја Унгарски бранители на градот
Команданти и водачи
Ахмед Паша и Али Паша Иштаван Добо
Сила
од 35,000 до 40,000[1][2] околу 2,100-2,300[3]

Опсадата на Егер се одвила во 1552 година, како дел од Османлиско-хабзбуршката војна. По серијата од порази на христијанските сили, Унгарија и нејзините сојузници конечно издвојувале победа над Османлиската импеирја.

Позадина[уреди]

Егерската тврдина се наоѓа источно од денешниот град Егер. Тврдината претставувала идеална позиција од воена гладна точка. Во 1520 година османлискиот султан Сулејман I ја започнал својата експанзија во Кралство Унгарија. Тој своите најголеми војни ги водел против хабсбуршките и унгарските сили, притоа постигнувајќи големи успеси. Унгарската армија била уништена по Мохачката битка од 1526 година. во битката загинал и кралот на Унгарија, Лајош II, кој бил крал и на Бохемија. По ова започнала битка околу неговиот престол. Австрискиот цар Фердинанд I од Австрија успеал да го зазеде престолот во Бохемија, но истиот бил оспорен од страна на другиот претендент за круната, Горги Запола, кој имал подршка од страна на Османлиите. Борбата за власт продолжила и по смртта на Запола.

Османлиите наишле на отпор при опсадата на Косег во 1532 година, но во следните месеци градот бил заземен. Во 1541 година бил заземен и Будим. По зазимањето на градот, Будим станал седиште на османлиското владеење во регионот. Османлиите многу бргу своите позиции ги свртиле кон Егер, кој претставувал важно упориште во натамошната војна за христијаните. Северно од градот се наоѓал градот Каса, кој бил богат со рудни богатства,

Опсада[уреди]

Османлиската армија се состоела од околу 35-40.000 војници.[4][5] Од нив, околу 20-30.000 биле специјални војници обучени на различни видови оружје. Сепак, голем број од османлиската војска биа истоштена од долгото патување и походи. Османслиите поседувале и 16 големи топови, 150 артилеристи и флота од 2.000 камили кои се покажале многу корисни при транспортирањето. Бранителите пак имале 6 големи и десетина помали топови. нивниот број измесувал околу 2.000 војници.

Но, и покрај огромната разлика во бројот на војници, сепак ѕидините на градот се покажале многу силни за да се влезе лесно во градот. Османлиите очекувале лесна победа, но храброста на бранителите се покажала многу поголема. Дури и по срушувањето на големата кула во градот, која предизвикала голема штета, не придонело за зазимање на градот.

Наводи[уреди]

  1. László Markó: A Magyar Állam főméltóságai, 1999. ISBN 963-548-961-7
  2. Magyarország hadtörténete, Zrínyi katonai kiadó, Budapest 1985. szerk.: Liptai Ervin ISBN 963-32-6337-9
  3. Magyarország hadtörténete, Zrínyi katonai kiadó, Budapest 1985. szerk.: Liptai Ervin ISBN 963-32-6337-9
  4. László Markó: A Magyar Állam főméltóságai, 1999. ISBN 963-548-961-7
  5. Magyarország hadtörténete, Zrínyi katonai kiadó, Budapest 1985. szerk.: Liptai Ervin ISBN 963-32-6337-9