Битка кај Лепанто (1571)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка кај Лепанто
Дел од Пета османлиско-венецијанска војна и Османлиско-хабсбуршки војни
Battle of Lepanto 1571.jpg
Битката кај Лепанто , Х. Летер, Национален поморски музеј, Гринвич/Лондон
Датум 7 октомври 1571
Место Патраски залив, Јонско Море
Исход Победа на Свертата лига
Завојувани страни
Banner of the Holy League 1571.png Света лига :

Flag of Cross of Burgundy.svg Шпанија
Flag of Most Serene Republic of Venice.svg Венеција
Flag of the Papal States (pre 1808).svg Папска држава
Flag of Genoa.svg Џенова
Savoie flag.svg Савоја
Flag of the Sovereign Military Order of Malta.svg Малтешки ред

Naval Ensign of the Ottoman Empire (1453–1793).svg Османлиска империја
Команданти и водачи
Flag of Cross of Burgundy.svg Хуан Австриски
Flag of Cross of Burgundy.svg Алваро де Базан
Flag of Cross of Burgundy.svg Луис де Зуњига
Coat of Arms of the Republic of Venice.svg Себастијано Вениер
Emblem of the Papacy SE.svg Маркантонио Колона
Naval Ensign of the Ottoman Empire (1453–1793).svg Али Паша  
Naval Ensign of the Ottoman Empire (1453–1793).svg Улуџ Али Рејс
Сила
208 бродови
  • 202 галии,
  • 6 galleasses

22,840 војници
1,334 артилеристи

251 бродови
  • 206 галии
  • 45 galliots

31,490 војници
741 артилеристи[1]

Жртви и загуби
7,500 мртви
17 уништени бродови[2]
20,000 мртви[2], повредени или заробени,[3]
137 уништени бродови
50 потонати бродови
10,000 ослободени робови (христијани)

Битката кај Лепанто е поморска битка која се одвила на 7 октомври 1571 година во Патрискиот залив, во Јонското Море. Обединетите сили на Светата лига, во која влегувале Шпанија, Џенова, Венеција, Папската држава, Малтешкиот ред, Сицилија, Неапол, Савоја, Тоскана и Парма успеале да ја поразат флотата на Османлиската империја.

Позадина[уреди]

Во 16 век помеѓу морските држави се водела битка за превласт во Средоземното Море. Најголемо било ривалството помеѓу Хабсбуршка Шпанија и Османлиската империја. Во 1570 година султанот Селим II започнал воен поход, чија цел била да освои островот Кипар и крајбрежните делови од денешните држави Италија и Шпанија. Војната продолжила од 1570 до 1573 година. Римскиот папа Пиј V успеал да организира антиосманлиска коалиција составена од Шпанија и Венеција, позната под името Светата лига.

Сили[уреди]

Командант на сојузничките флоти бил 24-годишниот Хуан Австриски, вонбрачен син на шпанскиот крал Карл V и полубрат на Филип II од Шпанија. Силите на заедничката Светата Лига била претставена од флота која некогаш не била видена дотогаш во Европа. Таа броела повеќе од 300 различни бродови, од кои 108 венецијански галии, 81 шпански галии, 32 галии од папската армија и од другите италијански земји како и 6 галии на Венеција. Вкупниот број на војници бил околу 84 000.

Османлиската флота била под команда од Али паша. Вкупниот број на војници бил околу 88 000.

Битка[уреди]

Сојузничката флота ги блокира османлиските бродови во Патрискиот залив, во Јонското Море. Турскиот командант претпоставил дека силите на сојузниците биле кај островот Кефалонија, а Дон Хуан Австриски сметал дека Османлиите се во нивната база - Лепанто. Утрото на 7 октомври 1571 година двете флоти, сосема неочекувано и за двете страни, се сретнале кај влезот од заливот, на 60 километри од Лепанто.

Битката кај Лепанто го означил крајот на владеењето на османлиската флота во Средоземното Море. Сојузничките флоти не ја искористиле големата победа. Шпанците извршиле десант во Тунис, а Венецијанската република започнала војна во Далмација. Турскиот султан добил можност да ја врати својата флота и во пролетта следната година, Османлиите изградиле 220 галии. Флотата овој пат била предводена од страна на Улуџ Али.

Светата лига се распаднала и во март 1573 година Венеција потпишала договор со Османлиската империја, според кој Кипар бил отстапен на Турците. Турците повторно станале господари на источното Средоземно Море.

Наводи[уреди]

  1. The number of Turkish guns is said to be deduced from list of booty after the battle. These lists are unlikely to be complete.
  2. 2,0 2,1 Confrontation at Lepanto by T.C.F. Hopkins, intro
  3. Geoffrey Parker, The Military Revolution, p. 88