Падот на Алжир (1529)
| Падот на Алжир | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Дел од серијалот „Османлиско-хабсбуршки војни“ | |||||||
Шпанската тврдина(Ел Пењон де Аргел ) |
|||||||
|
|||||||
| Завојувани страни | |||||||
Кабили |
|||||||
| Команданти и водачи | |||||||
| Сила | |||||||
| Жртви и загуби | |||||||
| 175 мртви | непознато | ||||||
Падот на Алжир или заземањето на градот Алжир од страна на Османлиската империја се случил во 1529 година, кога во биктата била победена Хабсбуршка Шпанија.
Позадина [уреди]
Во 1510 година, Шпанците освоиле еден остров кој се наоѓал во непосредна близина на Алжир. Шпанците го принудиле локалниот владетел Салим ал Туми да го прифати нивното присиство во регионот, како и да им плаќа данок[1][1]. Владетелот морал да оди во Шпанија за да даде збор пред Фердинанд од Арагон дека нема да правил проблеми на новата власт. Сепак, во 1516 година, Салим ги поканил Орук Барбароса и Хајрудин Барбароса со заеднички сили да ги протерат Шпанците. Орук, со помош на Османлиската империја дошол во Алжир, го презел по кое наредил Салим да биде убиен.[1] На ова одговориле Шпанците кои ги испратиле своите војски за да воспостават контрола врз регионот. Но, тие доживеале неуспех во 1516 и 1519 година.
Кога Сулејман Величенствениот му објавил војна на Фердинанд во јануари 1529 година, тој, исто така, сакал да го освои и западниот дел на Медитеранот, и затоа повторно дал подршка на Барбароса[2]. Барбароса добил подршка од 2.000 јаничари, како и голема финансиска помош[3]. По заземањето на власта, Барбароса започнал со опсада на шпанската тврдина која се наоѓала на влезот од пристаништето. По 22 дена отпор и војна, бранителите на чело со гувернерот Дон Мартин де Варгас конечно се предала на 29 мај 1529 година, без да добие помош од Шпанија. Варгас бикл убиен, тврдината била заземена а локалното население било користено како робови.
Наводи [уреди]
|
|||||