Инвазија на Тунис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Падот на Тунис
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни
и Османлиско-португалски војни
Battle of Tunis 1535 Attack on Goletta.jpg
Attack on La Goletta, with Tunis in the background.
Charles quint a tunis.png
Entry of Charles V into Tunis in 1535.
Датум јуни 1535
Место Тунис
Исход Христијанска победа
Завојувани страни
Charles V Arms-personal.svg Карло V:

Flag of Genoa.svg Џенова
Flag Portugal (1495).svg Португалија
Vatican naval flag.JPG Папска држава
Flag of the Sovereign Military Order of Malta.svg Малтешки ред

Flag of the Ottoman Empire (1453-1517).svg Османлиска империја
Команданти и водачи
Banner of the Holy Roman Emperor (after 1400).svg Карло V
Flag of Cross of Burgundy.svg Алваро де Базан
Bandiera del Regno di Sicilia 4.svg Луис де Реквесенс
Flag of the Kingdom of Naples.svg Гарсија де Толедо
Flag of Genoa.svg Андреа Дорија
Flag Portugal (1495).svg Инфант Луис од Португалија
Vatican naval flag.JPG Виргинио Урсино
Flag of the Ottoman Empire (1453-1517).svg Хајредин Барбароса
Сила
Вкупно: 60,000
бродови:
Flag of Cross of Burgundy.svg 207 шпански[1]
Flag of Flanders.svg 60 фландриски
Bandiera del Regno di Sicilia 4.svg 10 сицилијански
Flag of the Kingdom of Naples.svg 6 неаполски
Flag of Genoa.svg 19
Flag Portugal (1495).svg 21 португалски
Vatican naval flag.JPG 8 галии
Flag of the Sovereign Military Order of Malta.svg 4 галии
Flag of the Ottoman Empire (1453-1517).svg 82 [2]
Flag of France (XIV-XVI).svg 2 galleys.[3]
Жртви и загуби
Голем број Околу 30.000
82 бродови

Повторното христијанско освојување на Тунис се случило во 1535 година, кога императорот на Светата Римска империја издал наредба Тунис повторно да биде заземен од страна на Османлиите, кои пак претходно го имале освоено пред една година, во 1534 година.

Во 1533 година, Сулејман I му наредил на Барбароса, кој се наоѓал во Алжир, да дојде во Константинопол и заедно со големата припремена флота да отпатува кон нови освојувања[4]. Вкупно 70 галии биле изградени за време на зимата од 1533-1534 година, од страна на робовите кои биле донесени од новите освоени земји. Од нив, околу 1.200 биле христијани.[5]. Така, заедно со овие бродови, Барбароса спровел неколку акции по должината на брегот на денешна Италија, сè додека не се упатил кон Тунис на 16 август 1534 година, успевајќи да му нанесе пораз на локалниот владетел Хафсид Мули Хасан, кој бил под директива на Шпанија.

Карло V, еден од најмоќните луѓе во Европа во тоа време, собрал огромна војска на околу 30.000 војници, 74 галии, 300 бродови, од Санта Ана, најголем брод во светот во тоа време и португалскиот галеон Сао Џоао Баптиста, исто така познат како Ботафого, со 366 бронзени топови за да го освои регионот околу Тунис.

И покрај барањето од страна на Карло V, Франсоа I одбил да ја даде француската подршка за војната, објаснувајќи дека претходно тој имал потпишано договор со Османлиската империја која траела три години. Франсоа I исто така бил и во големи преговори со султанот Сулејман I за заеднички напад врз Карло V. Сепак, под притисок на папа Павле III, тој се повлекол од можниот воен сојуз.

Така, војната започнала на 1 јуни 1535 година, кога христијанската флота ја уништила флотата на Барбароса. По ова, Тунис бил окупиран и заземан. Под урнатините биле пронајдени топови кои имале француско потекло. Ова бил уште еден доказ за француско-османлискиот сојуз кој претходно бил склучен.

Како резултат на масакрот во градот, бројот на жртвите изнесувал околу 30.000 луѓе. Барбароса успеал да побегне во Алжир со неколку илјади турски војници. Мули Хасан бил повторно вратен на неговиот престол. Самата опсада ја демонстрирала големата моќ на Хабсбуршката монархија во тоа време. Карло V имал контрола над голем дел од јужна Италија, Сицилија, Шпанија, Америка, Австрија, Холандија и земји во Германија. Освен тоа, тој бил и император на Светата Римска империја со кое де јуре имал контрола над поголемиот дел од Германија.

Kатастрофалниот пораз на Османлиската империја во Тунис, го принудил на Сулејман да влезе во неформален договор со Франција преотив Хабсбуршката империја. Амбасадорот Жан де Ла Форет бил испратен во Цариград а за прв пат тој бил во можност да стане постојан амбасадот во османлискиот суд и да преговара за склучување на идните договори помеѓу двете земји.

Наводи[уреди]

  1. 15 galleys of the Mediterranean Squadron, 42 ships of the Cantabrian fleet, 150 ships of the Málaga Squadron
  2. Crowley, p.61
  3. Garnier, p.96
  4. Crowley, p.56
  5. Crowley, p.57