Освојување на Тунис (1534)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Освојувањето на Тунис од страна на Османлиската империја се случил на 16 август 1534 година, кога Хајредин Барбароса го освоил градот од страна на тогашниот владетел Хафсид Мули Хасан.

Во 1533 година, Сулејман I му наредил на Барбароса, кој се наоѓал во Алжир, да дојде во Константинопол и заедно со големата припремена флота да отпатува кон нови освојувања[1]. Вкупно 70 галии биле изградени за време на зимата од 1533-1534 година, од страна на робовите кои биле донесени од новите освоени земји. Од нив, околу 1.200 биле христијани.[2]. Така, заедно со овие бродови, Барбароса спровел неколку акции по должината на брегот на денешна Италија, сè додека не се упатил кон Тунис на 16 август 1534 година, успевајќи да му нанесе пораз на локалниот владетел Хафсид Мули Хасан, кој бил под директива на Шпанија.

Во Тунис, Барбароса изградил голема поморска база, која се користела за различни акции и упади во регионот, како и во Малта. Тунис претставувал важна стратешка локација, бидејќи низ него минувал морскиот премин од запад кон исток во Медитеранот.

Во 1535 година, по молба на Мули Хасан, императорот Карло V издал дозвола за нов поход кон Тунис.

Наводи[уреди]

  1. Crowley, p.56
  2. Crowley, p.57