Инвазија на Корзика (1553)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Инвазија на Корзика
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни
Corsica by Piri Reis.jpg
Карта на Козика
Датум 1553-1559
Место Корзика
Исход Османлиско-француска окупација на поголемиот дел од островот
Завојувани страни
Flag of Genoa.svg Џенова Flag of the Ottoman Empire (1453-1517).svg Османлиска империја
Flag of France (XIV-XVI).svg Франција
Flag of Corsica.svg Корзиканци
Команданти и водачи
Flag of Genoa.svg Андреа Дорија Flag of the Ottoman Empire (1453-1517).svg Тургут Рејс
Flag of France (XIV-XVI).svg Пол де Термс
Flag of France (XIV-XVI).svg Паулин де ла Гарде
Flag of Corsica.svg Шампиеру Корсу
Сила
Flag of the Ottoman Empire (1453-1517).svg 60 галии
Flag of France (XIV-XVI).svg 14 галии

Инвазијата на Корзика се одвила во 1553 година од страна на сојузничките сили на Османликсата империја и Франција. Војната резултирала со заземање на островот од страна на Република Џенова.[1]. Островот имал значително стратешко значење во западниот дел на Медитеранот, претставувајќи го центарот на комуникација на Хабсбуршката мрежа помеѓу денешна Шпанија и Италија[2]. Заземањето на островот било од огромно значење за Франција[3], која го окупирала а по ова и го зазела под своја контрола.[2].

Позадина[уреди]

Францускиот крал Анри II влегол во голема војна со Хабсбуршкиот императорот Карло V во 1551, започнувајќи ја т.н. италијанска војна 1551-1559. Барајќи сојузници, Анри II ја продолжил политиката на својот татко Франсоа I, кој претходно имал потпишено договор со Османлиската империја, односно со Сулејман I, за заедничка соработка во борбата против монархијата[4]. Претходно сојузничките сили го зазеле островот Понца. На 1 февруари 1553 година бил потпишан нов француско-османлиски договор, кој вклучувал повторно заедничка поморска битка против Хабсбуршката монархија.[5].

Летна кампања (1553)[уреди]

Османлиските адмирали Тургут и Синан, заедно со француските сили извршиле инвазија по бреговите на Неапол, Сицилија, Елба, а потоа Корзика[6][7]. Во тоа време, островот припаѓал на Република Џенова[2]. Сојузот помеѓу Франција и Османликсата империја исто така бил подпомогнат и од страна на прогонетите жители на островот од страна на републиката. Инвазијата била извршена со претходно одобрение на францускиот крал.[2]. Кон крајот на летото островот бил целосно заземан.[2]. По ова, само околу 5.000 војници останале на островот, бидејќи Французите се повлекле кон Марсеј[2].

Контранапад на Џенова[уреди]

По заземањето на островот, во ноември започнале преговори помеѓу Анри II и републиката[2]. Но, истите биле прекинати кога републиката испратила околу 15.000 војници предводени од Андреа Дорија за повторно да го заземат островот. Една османлиска флота која се наоѓала во Средоземно Море нма чело со Драгут не успеала да престигне на време, па затоа од Неапол заминала кон Константинопол[2].

Француско-турските операции (1555)[уреди]

Во следните години следувала француската интервенција. Франција успеала да зазеде голем дел од крајбрежните градови, но не целосно. Османлиската флота била зафатена околу започнувањето на т.н. Османлиска-Сафавидска војна (1532-1555). Поради ова, следувала и опсадата на Бастија од страна на републиката[2]. Француско-османлискиот воен сојуз се вели дека го достигнал својот врв околу 1553 година[8] .

Наводи[уреди]

  1. Naval Policy and Strategy in the Mediterranean: Past, Present, and Future, John B. Hattendorf, p. 17 [1]
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 The Mediterranean and the Mediterranean world in the age of Philip II by Fernand Braudel p.929ff
  3. The Cambridge History of Islam, p. 328
  4. Miller, p.2
  5. History of the Ottoman Empire and Modern Turkey, Ezel Kural Shaw, p. 106 [2]
  6. History of the Ottoman Empire and Modern Turkey, Ezel Kural Shaw, p. 106 [3]
  7. New Turkes: Dramatizing Islam and the Ottomans in Early Modern England, Matthew Dimmock, p. 49 [4]
  8. New Turkes: Dramatizing Islam and the Ottomans in Early Modern England, Matthew Dimmock, p. 49 [5]