Бастија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бастија
Bastia

VP-nuit.jpg
Поглед на катедралата Св. Јован од пристаништето
Грб на Бастија
Бастија се наоѓа во Франција
Бастија
Управа
Земја Франција
Регион Корзика
Департман Горна Корзика
Округ Бастија
Општ. заедница Бастија
Градоначалник Емил Ѕукарели
(2008–2014)
Статистики
Надм. вис. 0–963 м
(прос. 30 м)
Површина1 19,38 км²
Население2 43.477 жит.  (2008)
 - Густина 2243 жит/км²
INSEE/Пошт. бр. 2B033/ 20200
1 Податоци од Катастарот на Франција. Не се вбројуваат езера, бари, ледници и речни утоки поголеми од 1 км².
2 Единечно сметање на населението: жителите на повеќе општини (на пр. студенти, воени лица) се бројат само еднаш.

Бастија (француски: Bastia) е општина во департманот Горна Корзика во Франција во североисточниот дел на островот Корзика. Тој е вториот најголем град во Корзика зад Ајачо и административно седиште на департманот.

Бастија е главно пристаниште на островот и негов главен комерцијален град, особено познат по неговите вина. Околу 10% од неговото население се имигранти. Стапката на невработеност во општината постојано е една од највисоките во Франција.

Географија[уреди]

Сместен во североисточниот дел на Корзика на основата на полустровот Кап Корс, помеѓу морето и планините, Бастија е главно пристаниште на островот. Градот се наоѓа 35 километри од северниот ’рт на полуостровот, 50 километри западно од Елба, италијански остров, и 90 километри од копното на Италија, кое може да се види неколку дена во годината, кога видливоста е извонредна.

Градот Бастија гледан од „Пињо“

Географски, Бастија е одреден во својата местоположба помеѓу морето и планините. Градот е сместен на источната страна на „Сера ди Пињу“, планина висока 960 метри. Оваа стрмна планина и неколку ридови во градот го обликуваат релјефот, кој е карактеристичен за Корзика. Овој пејзаж предизвикал градот главно да се развива во крајбрежниот појас, кој е широк еден и пол километар, што е многу ограничен дел од вкупната површина на општината.

Поради својата местоположба, Бастија поседува пристаниште и морето имала значајна улога во просторната организација на градот. Денес, Бастија поседува три различни пристаништа. Старото пристаниште („Vieux Port“ на француски и „Porto Vecchio“ на корзикански), сместено во тесен залив, нуди добра природна заштита против временските услови на Средоземното Море. Така, тоа било јадрото на првичниот развој на градот. Денес, многу рекреативни и рибарски бродови се сместени тука, но ја нема онаа економска важност како другите современи пристаништа, иако неговиот туристички и естетски шарм го прави официјален амблем на градот. Всушност, многу кафулиња, барови и ресторани се преселиле на неговите докови, до кои може да се дојде само пешки во текот на летните настани.

Малку понасевер се наоѓа комерцијалното и фериботското пристаниште. Како главна економска дејност на градот, комерцијалното пристаниште е пулсот на градот. Тоа особено е видливо во текот на летото, кога пристигнуваат и заминуваат фериботи и илјадници патници и автомобили може да предизвикаат долги сообраќајни метежи. Пред комерцијалното пристаниште, големиот плоштад Св. Никола го претставува срцето на градот. Северно од комерцијалното пристаниште се наоѓа марината Тога, именувана по населба во градот, пристаниште за рекреативни бродови. На неговите докови се наоѓаат барови, ресторани и ноќни клубови.

Така, Бастија е логички поставена на оската север-југ, која предизвикува проблеми за пристап до центарот на градот при одредени околности. Денес, центарот на градот е главно составен од цитаделата, упориште наречено Тера-Нова, со гувернерската палата на Џенова, старото пристаниште и неговиот популарен кварт и плоштадот и бројни градби долж булеварот Паоли, главна трговска улица во градот, која се протега од судот до авенијата Марешал Себастијани.

Во текот на последните неколку декади, Бастија и неговата област доживеале силен демографски раст.

Клима[уреди]

Бастија има средоземна клима. Просечната годишна температура е 15,5°C и има околу пет дена мраз во годината. Ветерот е постојан и опасен, додека врнежите се обилни, но самиот град просечно годишно има над 240 сончеви дена.

Клима на Бастија
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 13,6 13,8 15,6 17,8 22,0 25,8 29,1 29,3 25,8 21,9 17,4 14,5 20,5
Просечна температура (°C) 9,1 9,4 10,8 12,9 16,3 20,0 23,2 23,3 20,6 17,1 12,9 10,1 15,5
Просечна минимална (°C) 5,1 4,9 6,7 8,8 12,4 16,0 19,0 19,4 16,5 13,3 9,2 6,3 11,5
Просечно кол. врнежи (мм) 67 57 60 76 50 41 13 21 81 127 114 93 800
Сончеви часови (месечно) 134 158 192 214 268 296 345 304 232 176 133 128 2.580

Историја[уреди]

Цитаделата изградена од Џенова

Пред окупацијата на Корзика од Џенова, Кардо бил голем град. Околу градот имало мали села, каде живееле рибарите на Кардо. Ова мало пристаниште било наречено Порто Кардо (Porto Cardo), што значело пристаниште на Кардо.

Џенова почувствувале потреба за засолниште од морските бури и во 1380 почнале да ја градат цитаделата под водство на гувернерот Леонело Ломелини. Со времето „бастилја“ (bastiglia; италијански за цитадела) станувала посперитентна и поважна од Кардо. Бастија била главен град на Корзика до 1791.

Во 1794, во текот на војната со револуционерна Франција, британските трупи под водство на адмиралот Нелсон на кратко ја освоиле Бастија.

Знаменитости[уреди]

  • Музеј на Корзика
  • Поранешната палата на гувернерите на Џенова, во која сега се наоѓа Музејот за корзиканска етнографија.
  • Тврдината

Сообраќај[уреди]

Население низ историјата
Година Жители  %±
1800 11.336 —    
1806 7.922 −30,1%
1821 9.316 +17,6%
1831 9.531 +2,3%
1836 13.610 +42,8%
1841 14.568 +7,0%
1846 15.004 +3,0%
1851 15.984 +6,5%
1856 16.002 +0,1%
1861 19.304 +20,6%
1866 21.535 +11,6%
1872 17.850 −17,1%
1876 17.572 −1,6%
1881 20.100 +14,4%
1886 20.765 +3,3%
1891 23.397 +12,7%
1896 22.552 −3,6%
1901 25.425 +12,7%
1906 27.338 +7,5%
1911 29.412 +7,6%
1921 33.094 +12,5%
1926 36.376 +9,9%
1931 44.628 +22,7%
1936 52.208 +17,0%
1946 49.327 −5,5%
1954 42.729 −13,4%
1962 31.375 −26,6%
1968 38.746 +23,5%
1975 42.810 +10,5%
1982 44.020 +2,8%
1990 37.845 −14,0%
1999 37.884 +0,1%
2008 43.477 +14,8%

Патен[уреди]

Главен пат до Бастија е РН 193.

Железнички[уреди]

Железничката станица Бастија, која припаѓа на Корзиканските Железници, се наоѓа во центарот на градот и ја поврзува Бастија со Ајачо и Калви.

Морски[уреди]

Во поглед на патниците, Бастија е прво француско пристаниште на Средоземното Море со повеќе од 2,4 милиони патници во 2007. Тоа е второ француско пристаниште зад Кале (15 мил. патници).

Воздушен[уреди]

Аеродромот Бастија-Порета се наоѓа 16 километри јужно од градот, во градот Лучана.

Луѓе[уреди]

Збратимени градови[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikivoyage-Logo-v3-icon.svg Бастија на Википатување (англиски)

Шаблон:Префектури на департманите во Франција