Елба (остров)
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
„Елба“ пренасочува овде. За други поими со исто име, видете Елба (појаснување).
Елба (италијански: Elba, латински: Ilva) е италијански остров кој се наоѓа во Тиренското Море, на околу 20 km оддалеченост од брегот. Тој е најголем остров во Тосканскиот Архипелаг и трет по големина во Италија (223 km²).