1 февруари

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Февруари 2014 1 февруари е 32-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 333 денови до крајот на годината (334 во престапна).

Настани:

1883  Почна изградбата на Панамскиот Канал под раководство на францускиот инженер Фердинанд Лесепс, градител на Суецкиот Канал. Изградбата заврши со еден од најголемите финансиски скандали во 19 век. Работите беа прекинати цели 20 години. Целосна контрола над зоната над каналот презедоа САД, со чија финансиска подршка, каналот е завршен во август 1914 година. Каналот е долг 81 километар.
1887  Основан е Холивуд, најголемиот филмски град (предградие на Лос Анџелес) во светот. Првиот филм е снимен во 1911 година.
1924  Британската лабуристичка влада го призна СССР, што значително придонесе за намалување на дипломатската изолација на првата социјалистичка земја во светот.
1946  Норвежанецот Тригве Ли е избран за прв генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Финска на ниво на амбасади.
1996  Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да останат целосно независна операција во Република Македонија.
2003  Шатлот „Колумбија“ се распаѓа над небото на Тексас, убивајќи ги сите 7 астронаути.

Родени:

1834  Кузман Шапкарев — собирач на народни песни.
1894  Џон Форд — американски режисер и актер (†1973)
1901  Кларк Гејбл — американски оскаровец.
1920  Славка Фиданова — македонски првоборец.
1928  Ѓорѓи Мавродиев — македонски физичар.
1931  Борис Николаевич Елцинруски политичар (†2007)
1957  Мухамед Џамал Калифа — саудиски бизнисмен и сопруг на една од сестрите на Осама Бин Ладен.
1969  Габриел Батистутааргентински фудбалер.
1961  Антонио Митриќески — македонски филмски режисер.
1983  Јурген ван ден Брук — белгиски велосипедист.

Починале:

1914  Алберт Гинтер — германско-британски зоолог
1944  Пит Мондријан — холандски сликар и теоретичар.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември