Долгата војна во Унгарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Долгата војна
Триесетгодишна војна во Унгарија
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни
Датум 15931606
Место Унгарија, влахија, , Балкан
Исход Османлиска победа
Договор од Житваторок
Завојувани страни
Flag of the Habsburg Monarchy.svg Хабсбуршка Австрија
Banner of the Holy Roman Emperor (after 1400).svg Свето римско царство
Flag of Wallachia.svg Влахија
Flag of Moldavia.svg Молдавија
Coat of arms of Transylvania.svg Трансилванија
Flag of the Cossack Hetmanat.svg Запорешки козаци
Croatian Chequy3.png Хабсбуршка Хрватска
Flag of Bohemia.svg Кралство Бохемија
Flag of Cross of Burgundy.svg Шпанија
Flag of Serbia 1281.svg Српски востаници
Flag of the Papal States (pre 1808).svg Папска држава
Flag of Most Serene Republic of Venice.svg Венеција
Flag of Saxony.svg Саксонија
State flag simple of the Grand Duchy of Tuscany.svg тоскана
Flag of Shah Tahmasp I.svg Персија
Cross Order of Saint Stephanus.jpg Витези на Свети Стефан
Flag of Bulgaria.svg Бугарски востаници
Coat of arms of the House of Este (1471).svg ферара
Coat of arms of the House of Gonzaga (1433).svg Duchy of Mantua
Republic of Dubrovnik Flag.png Дубровничка република
Savoie flag.svg Војводство Савоја
Flag of the Ottoman Empire (1453-1517).svg Османлиска империја
Flag of the Crimean Tatar people.svg Кримско ханство
25px Ногаиски каганат
Команданти и водачи
Рудолф II
Иштиван Боскај
Ѓеорги Турзо

Херман Христоф Русворм
Ѓоргио Баста

Мурад III
Мехмед III
Ахмед I
Синан Паша
Ибрахим Паша
Лала Мехмед Паша
Сила
неопознато неопознато
Жртви и загуби
неопознато неопознато


Долгата војна, исто така позната и како триесетгодишната унгарска војна, тралеа од 1593-1604 или 1606 година, помеѓу Хабсбуршката монархија и Османлиската империја.

На страната на Хабсбуршката монархија биле Австрија, Кралство Унгарија, Хрватска, Чешка, Трансилванија, Влахија, Молдавија, Папската држава, Ферара, Тоскана, Мантова и други. По помали престелки во 1591 година, војната започнала на 29 јули 1593 година кога војската на Османлиската империја предводена од Синан Паша започнала воема кампања против Хабсбуршката монархија. Османлиите ги зазеле градовите Ѓор и Киомаром. Во 1595 година бил создаден христијански сојуз од страна на папа Климент VIII, кој бил потпишан во Прага од страна на Рудолф II, Арон Тиранул, Сигисмунд Батори. Целта на сојузот била да се протера Османлиската империја од Унгарија.

Регионот по долината на река Дунав бил од големо значење. Војната главно се одвивала во Кралство Унгарија, Трансдунавока, Румелија и Влахија. Во 1595 година, христијаните го окупирале Ѓор, Вишеград и Естергом и неколку стратешки тврдини, но никако не се ни обидиле да тргнат кон Будим. Османлиите започнале опсада на Егер и во 1596 година го зазеле. На т.н. источен фронт се водела војна помеѓу Влахија и Османлиите, во есента 1594 година. Влахија успеала да освои неколку градови и региони [1] . Молдавија исто така ги поразила Османлиите во Јаши. Биле зазедени и Никопол, Рибнич а по ова се упатиле и кон Адријанопол. Во еден момент, силите на христијаните се наоѓале на само 24 километри од престолнината Истанбул.

Пресвртна точка на војната била битката кај Керестес, која се одржала на територијата на Унгарија, на 24-26 октомври, 1596 година. Хабсбуршката армија која броела околу 50.000 војници била поразена од страна на Османлиите.

По повеќегодишните битки, војната завршила со мировен договор потпишан на 11 ноември 1606 година во Житваторок. Според него, Османлиската империја значително се проширила во Унгарија, но султанот го признал императорот како рамноправен. Освен тоа, тој го прифатил укинувањето на годишниот данок кои се плаќал од 1568 година.

Наводи[уреди]

  1. Coln, Emporungen so sich in Konigereich Ungarn, auch in Siebenburgen Moldau, in der der bergischen Walachay und anderen Oerten zugetragen haben, 1596