Освојување на Тунис (1574)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Освојување на Тунис
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни
The Ottoman fleet attacking Tunis at La Goulette Braun and Hogenberg 1574.jpg
напад на османлиската флота кај Ла голета во 1574 година.
Датум 1574
Место Тунис
Исход Османлиска победа
Завојувани страни
Flag of Cross of Burgundy.svgШпанска империја Flag of the Ottoman Empire (1453-1517).svg Османлиска империја
Команданти и водачи
Flag of Cross of Burgundy.svg Филип II од Шпанија Flag of the Ottoman Empire (1453-1517).svg Селим II
Сила
вкупно војска: 7,000 250-300 воени бродови
вкупно војска: 100,000
Жртви и загуби
6,700 убиени, 300 заробени. 25,000 убиени

Целосното османлиско освојување на Тунис се случило во 1574 година, во текот на т.н. Османлиско-хабсбуршки војни. Овој настан го дал почетокот на уште една ера од муслиманското владеење на Северна Африка. Со оваа битка се ставило крај на шпанската Реконквиста која била започнала од страна на Изабела I Кастилјска и Фернандо II Арагонски[1].

Позадина[уреди]

Тунис првично бил освоен од страна на Османлиите во 1534 година, на чие чело се наоѓал Хајредин Барбароса. Во 1535 година, светиот римски император Карло V успеал Тунис да го поврати под своја контрола. По победата кај Лепанто, Хуан Австриски повторно успеал да го зазеде Тунис, кој претходно бил под османлиска контрола од 1569 година.[2][3].

Освојување[уреди]

Во 1574 година, Вилхелм I Орански и Шарл IX се обидиле да добијат подршка од страна на Османлиската империја на чело со Селим II, со цел да се отвори нов фронт против шпанскиот император Филип II од Шпанија[4]. Во своето писмо, османлискиот султан одговорил со позитивен резултат.[5]. Така, во 1574 година била испратена голема флота кон Тунис[6]. Во битката кај Ла Голета, Селим привлекол една флота која се состоела од околу 300 воени бродови и околу 75.000 војници[7], Османлиската флота била под команда на Синан Паша у Алуџ Али[8]. Вкупната сила на Османлиите броела околу 100.000 војници.[9]. Османлиската војска ги нападнала Ла Голета и Тунис. Овие региони биле бранети од околу 7.000 војници. На 24 август паднала Ла Голета. Последните христијански војници во една мала тврдина кај Тунис се предала на 3 септември 1574 година[10].

Хуан Австриски се обидел да ја ослободи опсадата со својата флота. Тој тргнал од Сицилија и Наполи, но неговиот поход бил неуспешен поради невремето[11] The Spanish crown, being heavily involved in the Netherlands and short of funds was unable to help significantly.[12]. Шпанија не била во можност да помогне на градот, главно поради финансиската криза. Во целина, Османлиите имале жртви од околу 25.000 војници наспроти 6.700 христијани. Околу 300 христијани успеале да побегнат од местото.

Оваа битка го означил крајот на христијанската власт во Северна Африка.

Наводи[уреди]

  1. The new Cambridge modern history R. B. Wernham, p.354
  2. The Encyclopedia of world history Peter N. Stearns, William Leonard Langer, p.366 [1]
  3. The new Cambridge modern history R. B. Wernham, p.354
  4. Parker, p.61
  5. Parker, p.61
  6. Parker, p.61
  7. Cervantes in Algiers by María Antonia Garcés, p.220
  8. Garcés, p.220
  9. Garcés, p.220
  10. Garcés, p.220
  11. Garcés, p.221
  12. Garcés, p.221