Битка кај Џерба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка кај Џерба
Дел од Османлиско-хабзбуршки војни
Gulf and Island of Djerba by Piri Reis.jpg
Карта на островот
Датум 9 мај–14, 1560
Место Џерба, Тунис
Исход Османлиска империја
Завојувани страни
Христијански сојуз:

Flag of Cross of Burgundy.svg Шпанија
 Венецијанска Република
Emblem of the Papacy SE.svg Папска држава
Flag of Genoa.svg Република Џенова
Savoie flag.svg Фрофство Савоја
Flag of the Sovereign Military Order of Malta.svg Малтешки ред

Naval Ensign of the Ottoman Empire (1453–1793).svg Османлиска империја
Команданти и водачи
Flag of Genoa.svgАндреа Дорија
Flag of Cross of Burgundy.svgХуан де ла Керда
Flag of Cross of Burgundy.svgДон Алваро де Санде
Naval Ensign of the Ottoman Empire (1453–1793).svgПигал Паша
Naval Ensign of the Ottoman Empire (1453–1793).svgТургут Рејс
Сила
54 галии,
66 други бродови
86 галии
Жртви и загуби
30 уништени галии,
околу 9,000 мртви,
околу 5,000 заробени
Неколку галии,
околу 1,000 мртви

Поморската битка кај Џерба се одржила во мај 1560 година во близина на истоимениот остров во денешен Тунис. Битката се водела помеѓу Османлиите кои биле под команда на Пигал Паша успеале да ги поразат сојузничките сили од Европа, предводени од Шпанија.

Сили[уреди]

Околу бројот на бродови, војници и слично на двете страни, денеска има повеќе мислења помеѓу историчарите. Се смета дека христијанските сили броеле околу 50-60 галии и 40-60 помали бродови. Според Џакомо Босио, точниот број на галии изнесувал 54. Фернан Брудел смета дека исто така имало 54 галии плус 36 помали бродови. Христијанските сили биле предводени од страна на Андреа Дорија. Од друга стрна пак, најдобар податок е дека бројот на галии на муслиманската страна бил 86.

Резултат[уреди]

Европските сојузници во поморската битка биле поразени. Околу 30 галии биле уништени или заробени, околу 9.000 војници биле убиени и други 5.000 заробени. Од друга страна, Османлиите имале околу 1.000 жртви. Победата на Османлиите претставува врв на османлиската поморска доминација во Средоземно Море. Во следните години Османлиите ја нападнале и Малта, но не постигнале голем успех.