1 јуни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Јуни 2014 1 јуни е 152-риот ден во годината според григоријанскиот календар (153-ти во престапна година). Остануваат 213 дена до крајот на годината.

Настани:

1880  Во САД е поставена прва јавна телефонска говорница во светот, во зградата на. банката „Јејл“ во Њу Хевен.
1941  Втора светска војна: Германците го освоија Крит и заробија 13.000 британски војници со што обезбедија важна база за операции на Блискиот Исток и во Северна Африка.
1953  Во Женева е основана Европската организација за нуклеарни истражувања.
1992  Во Скопје е поставен камен - темелникот на Домот - музеј на народна музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено е пуштен во употреба во мај 1996 година.
1994  Армандо Калдерон Сол стана прв претседател на Ел Салвадор по завршувањето на граѓанската војна која повеќе децении траела во оваа држава.
1994  Јужна Африка по 33 години се врати во Британскиот комонвелт.
1994  Во Скопје е поставен камен - темелник на Институтот за применета кинезиологија и рехабилитација.
1998  Соња Николовска, сопственик на пирамидалната штедилница „ТАТ” е осудена на казна затвор од 8 години.
2005  Жан-Пол Пруст станува Државен министер (шеф на владата) на Монако.
2008  На вонредните парламентарни избори во Република Македонија победи ВМРО ДПМНЕ освојувајќи повеќе од половината од пратеничките места. Изборите беа проследени со насилства и употреба на огнено оружје, при што едно лице го загуби животот, а повеќемина беа ранети.


Родени:

1804  Михаил Иванович Глинка — руски композитор и еден од основачите на националниот музички стил во Русија
1815  Отон I — крал на Грција.
1926  Норма Џин (Мерилин Монро) — американска глумица и модел.
1946  Славе Димитров — македонски композитор, пејач и аранжер.
1943  Драган Јаневски — македонски поет.
1973  Хајди Клум — германска манекенка.
1974  Аланис Морисет — канадско-американска пејачка.

Починале:

193  Дидиј Јулијан — римски цар.
1846  Грегориј XVI — римски папа.
1946  Јон Антонескупремиер на Романија.
1952  Џон Деви — американски филозоф.
1968  Хелен Келер — американска активистка и писателка.
1974  Хуан Перон — аргентински политичар и државник.
1984  Кирил Симоновски - Џина — македонски и југословенски фудбалер.
2003  Панче Васоски — македонски театарски, филмски и телевизиски актер.
2008  Ив Сен Лоран — француски моден креатор.
2010  Андреј Вознесенски — руски поет и писател.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември