Отоманско-венецијанска војна (1570–1573)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Отоманско-венецијанска војна
Дел од Отоманско-венецијански војни
Battle of Lepanto 1571.jpg
Битка кај Лепанто
Датум 1570–1573
Место Кипар, Јонско море и Егејско море
Исход Отоманска победа
Територијални
промени
Кипар под османлиска управа
Завојувани страни
Света лига:
 Венецијанска Република


Шпанија Хабсбуршка Шпанија
CoA Pontifical States 02.svg Папска држава
 Неаполско кралство
 Република Џенова
Bandiera del Regno di Sicilia 4.svg Кралство Сицилија
Тоскана Големо тосканско војводство
Coat of arms of Federico and Guidobaldo da Montefeltro.svg .svg Урбино
 Савоја
Sovereign Military Order of Malta Малтешки ред

 Отоманска империја


Четвртата османлиско-венецијанска војна исто така позната како војна за Кипар се водела во периодот од 1570 до 1573 година меѓу Османлиската империја и Венецијанската република која била во сојуз со Папската држава, Шпанија, Џенова, Савоја и.т.н.

Војната започнала со османлиската инвазија на островот во времето на Селим II. Главниот град Никозија паднал многу брзо и за кратко време островот бил заземен. По два месеци се случила Битката кај Лепанто каде османлиските сили доживеале пораз, но и покрај тоа христијанските сојузници не биле во можност да го вратат островот па Венеција била принудена да преговара и да го отстапи островот во 1573 година.

Позадина[уреди]

Островот Кипар под венецијанска власт бил од 1489 година. Заедно со Крит островите претставувале огромна добивка за Венеција, главно поради нивната стратешка позиција во Медитеранот. Населението на островот во средината на 16 век била околу 160,000 луѓе[1] . Освен трговија, на островот се произведувало памук и шеќер. За заштита на нивната најоддалечена колонија, Венеција плаќала данок на Мамлуците од Египет во износ од 8,000 дукати. Договорот продолжил да важи и по зазимањето на Египет во 1517 година од Османлиите. Сепак неговата стратешка позиција меѓу Анадолија, Левант и Египет го направил примамлива цел за османлиските власти.[2]. Ситуацијата ескалирала кога локалните венецијански власти започнале да малтретираат муслимански аџии кои патувале кон Мека[3][4].

По склучување на договор со Хабсбуршката династија во 1568 година, Османлиите своето внимание го насочиле кон Кипар[5]. Султанот Селим по качувањето на престолот во 1566 година како прв приоритет му бил зазимање на островот, намалување на помошта на шпанските муслимани и напад на португалските територии во Индиски Океан[6]. Според легендата Селим се одлучил за напад на Кипар поради својата голема љубов кон кипарските вина[7], но сепак главниот потикнувач за нападот бил Јосиф Наси, португалски евреин кој бил близок пријател со султанот и кој бил управител на Наксос.[8]

И покрај склучениот мировен договор со Венеција од 1567 година[4][9], Големиот везир Мехмед Паша Соколовиќ се одлучил за напад. Од друга страна исламскиот шеик прогласил прекршување на договорот кажувајќи дека Кипар била поранешна исламска земја (накратко во 7 век). Средствата за воениот поход биле обезбедени по конфискација на имоти, манастири и цркви на Цариградската патријаршија. Лала Мустафа Паша бил назначен за командант на копнените сили, а Муезинзаде Али Паша за Капетан паша кој немал големи искуства[10].

Венецијанските власти биле вознемирени кога отоманската флота го посетила Кипар во септември 1568 година на чело со Наси која посета била протолкувана како обична авантура но во реалност ова претставувало прикриен обид за шпионажа на бранителите на островот. Венеција како главен проблем и претставувало големото растојание од нејзиниот главен град, како и неуспешните преговори со Шпанија која во тој момент била зафатена со муслиманите во својата земја и востанието во Холандија. Друг проблем за Венеција бил односот кон населението на островот. Суровиот третман и угнетувачкото оданочување на локалното православно грчко население од страна на католичка Венеција предизвикало големо незадоволство.

Освојување[уреди]

По отфрлениот османлиски ултиматум од Венеција, на 27 јуни околу 400 бродови со бројка од 60,000 до 100,000 војници заминала кон Кипар. На 3 јули Османлиите пристигнале кај Ларнака и започнале со својата инвазија кон Никозија. Венецијанските бранители се засолниле во тврдините додека да дојде засилување но османлиската артилерија била супериорна. Опсадата на Никозија започнала на 22 јули и траела седум недели до 9 септември кога биле пробиени градските ѕидини. По ова следувал масакар над 20,000 жители во градот. Во колежите не биле поштедени ниту свињите кои муслиманите ги сметале за нечисти. Единствено жените и децата биле поштедени од сигурна смрт и биле продадени како робови. Сојузничката христијанска војска која се наоѓала на Крит се вратила назад кога разбрала дека Никозија паднала.

Единствено од целиот остров не бил освоен Фамагуста. До тој момент бројот на венецијански ќовечки жртви бил околу 56.000 луѓе. По ова следувала христијанска помош со околу 200,000 војници. Големиот конфликт траел до 1 август кога градот паднал. Османлиите имале повеќе од 50,000 загубени војници. Според договорот Османлиите им дозволиле на венецијанските сили мирно да се повлечат од островот.

Наводи[уреди]

  1. McEvedy & Jones (1978), p. 119
  2. Faroqhi (2004), p. 140
  3. Finkel (2006), p. 158
  4. 4,0 4,1 Cook (1976), p. 108
  5. Finkel (2006), p. 160
  6. Faroqhi (2004), pp. 38, 48
  7. Turnbull (2003), p. 57
  8. Abulafia (2012), pp. 444–446
  9. Setton (1984), p. 923
  10. Finkel (2006), pp. 159–160