Чешка (историска област)
| Чешка (Čechy, Böhmen) | |||
| историска област | |||
|
|||
| Земја | Чешка | ||
|---|---|---|---|
| Главен град | Прага (историски) | ||
| Површина | 52,065 km² (20 sq mi) | ||
| Население | ~ 6 милиони | ||
Чешка (чеш. Čechy) или Бохемија (лат. Bohemia од герм. Böhmen) е историска област во Средна Европа, која се протега на западниот и централниот дел од денешна Чешка Република. Понекогаш „Чешка“ се користи да се означи и целата територија на Чешка, вклучувајќи ги и Моравија и Чешка Шлезија[1], особено во историски контекст како што е Кралството Бохемија.
Областа Чешка има вкупна површина од 52,065 km² и денес е дом на околу 6 милиони од вкупно 10.3 милионската Чешка. На југозапад, запад и северозапад се граничи со Германија, на североисток со Полска, на исток со Моравија и на југ со Австрија.
Содржина |
[уреди] Етимологија
Во 2 век п.н.е, Римјаните биле фокусирани кон доминирање на северна Италија, каде имало различни племиња, а меѓу кои и Боите, келтско племе. Боите биле поразени од страна на Римјаните во 194 и 193 година и тоа резултирало со повлекивање на боиското население северно од Алпите.[2]
Новата територија која ја населиле Боите од страна на Римјаните била наречена Boihaemum, а најстар запис за името[2] е во книгата „Германија“ од Такитиј[3]. Така, зборот е составен од зборот за народот „Бои“ и зборот „хајм“ (xaim- - „дом“) што во превод значи „дом на Боите“. Изворно, Чешка ја опфаќала денешна Јужна Чешка и делови од Баварија и Австрија.
[уреди] Наводи
- ↑ The Columbia Encyclopedia, Sixth Edition. 2001-05
- ↑ 2,0 2,1 Collis, John. The Celts: Origins, Myth and Inventions. Tempus Publishing, 2003. ISBN 0-7524-2913-2
- ↑ http://www.thelatinlibrary.com/tacitus/tac.ger.shtml#28
[уреди] Поврзано
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Чешка (историска област)“ |
|
|||||

