Битка кај Будим (1686)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Опсада на Будим (1684-1686)
Дел од Голема турска војна

Опсада на Будим
Датум 1684-1686
Место Будим, Отоманска Унгарија
Исход христијанска победа[1]
Завојувани страни
Османлиско ЦарствоОсманлиско Царство  Свето Римско Царство
Команданти и водачи
Кара Ибрахим-паша
Абдулрахман Абди Арнавут
Сари Сулејман-паша
Карло V, војвода од Лорен
Лудвиг Вилхелм Баденски
Ернст Штархемберг
Сила
25,000 80.000

Битката кај Будим се одвила по Опсадата на Виена во 1683 година и резултирала со предавање на градот во рацете на Хабсбуршката монархија.

Градот Будим од страна на Османлиите бил освоен во 1541 година од Сулејман I. Во пролетта на 1684 година, армија од околу 38.000 војници марширле на чело со Карло V, војводата од Лорен, за ослободување на градот Буда од Турците. Кон походот се придружил и Лудвиг Вилхелм Баденски. Бранителите на градот биле околу 10.000 војници и околу 17.000 на чело со Кара Ибрахим-паша а христијанскиот сојуз имал околу 38.000 војници. На 14 јули 1684 година со околу 200 топови започнало бомбардирањето на градот. Во август биле направени неколку обиди за зазимање на тврдината но сите биле неуспешни. Во септември веќе било познато дека бројот на христијанските војници се намалил на 12.500 војници а од друга страна Османлиите добиле засилување. Во октомври започнало големо невреме во регионот па било решено опсадата да биде повлечена по 109 денови.

Во 1686 година била објавена нова опсада на градот со сила од околу 80.000 војници вклучувајќи германски, унгарски, хрватски, холандски, англиски, шпански, чешки, италијански, каталонски, француски, бургундски, дански и шведски војници а турските бранители имале сила од околу 7.000 војници. На 27 јули 1686 година започнал голем напад во кој загинале 5.000 христијански војници. Кон средината на август пристигнала турска помош на чело со Сари Сулејман-паша но градот не ја издржал опсадата. По падот во градот се случил голем масакар врз муслиманското население каде биле убиени 3.000 Турци, а не било поштедено ниту еврејското население во градот, бидејќи се сметале за сојузници на Османлиите а нивниот број изнесувал околу 1.000 луѓе[2]. Неколку стотици евреи[3] и околу 6.000 муслимани биле продадени како робови[4], нивните домови биле ограбени и разрушени, џамиите и синагогите исто така биле разрушени.

Во следниот период настрадале и евреите од цела Унгарија. Според Јохан Браденбург, не биле поштедени ниту бебињата во мајчините уторби[5]. Сите мртви тела биле фрлени во реката Дунав. По освојувањето на градот, на 9 декември 1687 година деветгодишниот син на Леополд, Јозеф бил крунисан како прв наследен крал на Унгарија под управа на Хабсбуршката монархија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A Military History of the Ottomans: From Osman to Atatürk, by Mesut Uyar, Edward J. Erickson, 2009, p.103
  2. Frommer's Budapest and the Best of Hungary, by Ryan James, 2010, p.174
  3. The Myth of the Jewish Race, by Raphael Patai, Jennifer Patai, 1989, p.47
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Book 2008, p.268-270.
  5. Jewish Budapest: Memories, Rites, History, by Kinga Frojimovics, Géza Komoróczy, 1999, p.505