Руско-турска војна (1710-1711)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Руско-турска војна (1710–1711)
Дел од Голема северна војна, Руско-турски војни
Мапа
Датум 1710-1711
Место Прут (река)
Исход Османлиска победа
Завојувани страни
Flag of the Ottoman Empire (1453-1517).svg Отоманска империја
Gerae-tamga.png Кримско ханство
Русија Руска империја[1]
Flag of Moldavia.svg Кнежество Молдавија
Команданти и водачи
балтачи Мехмед Паша
Гурчу Ага Јусуф Паша
Девлет II Гирај
Карл XII од Шведска
Петар Велики
Борис Шереметев
Димитриј Цантемир
Сила
140,000 непознато
Жртви и загуби
непознато непознато

Руско-турската војна (17101711), позната и како Прутска војна, се водела во периодот од 1710-1711 година помеѓу Отоманската империја и Русија. Таа претходела на поразот на Шведска од т.н. Голема северна војна. Шведска започнала да влијае врз големите везири на Османлиите и наводната застрашеност на нејзините територии од страна на Руската империја.

Позадина[уреди]

По потпишувањето на Константинополскиот мировен договор во 1700 година, во османлиската престолнина бил испратен принцот Димитриј Голицин за да ги убеди на властите да им овозможат на руските бродови да пловат слободно во Црно Море. Преговорите не успеале па принцот изјавил дека Османлиите се далеку непријателски расположени кон Руската империја и дека се подготвени да влезат во нов конфликт. Во исто време Русија војувала со Шведска, а Петар Велики не сакал земјата да ја вовлекува во нова голема војна. За таа цел во 1701 година го испратил Петар Толстој во дворот на султанот Мустафа II. Тој морал да ја дознае политичката, воената, административната и економската состојба во земјата. Таму тој разбрал дека главен противник на Русија е кримскиот хан Девлет II кој инсистирал за нова војна со Русија. Во 1703 година починал Мустафа II а на негово место застанал неговиот брат Ахмед III.

По поразот на шведската војска во битката на Полтава во 1709, шведскиот крал Карл XII побегнал на османлиска земја. Таму тој ги убедувал на властите за започнување на војна со Русија, а везирот Нуман Корпулу исто така бил против водење на мирољубива политика со Русија. Поради притисокот од големиот везир, Шведска и Крим Османлиите објавиле војна на Руската империја во 1710 година.

Тек[уреди]

Војната била објавена на 19 март 1711 година. Петар Велики објавил света војна против исламот. Силите на Русите се доближиле до реката Прут. Нивната војска броела околу 40.000 војници. Во август истата година тие биле пресретнати од османлиската војска која броела околу 200.000 војници. Петар Велики започнал преговори со Отоманците, кога увидел дека ќе биде поразен. Тој сакал да прибалтикот го врати на Шведска без престолнината Санкт Петерсбург, Станислав Лешчински да остане на полскиот трон, Азов да биде вратен и како краен услов сакал својата војска да не биде допрена.

Мировен договор[уреди]

Така на 21 јули 1711 година бил склучен Прутски мировен договор според кој Русија ги вратиле териториите околу Азовско Море, заедно со градот Таганрог. Освен тоа, неколку руски тврдини требало да бидат разрушени, а рускиот цар ветил дека нема да се меша во работите со Полско-Литванската унија. Шведска се разлутила поради прифаќањето на Османлиите. Во следните две години Шведска повторно се обидувала да ја турне Отоманската империја во војна со Русија.

Наводи[уреди]

  1. There were factions of the Dnieper Cossacks allied with each of the combatants: Orlik's Hetmanate in Exile for the Ottomans and Skoropadsky's Cossack Hetmanate for Russia.