Руско-турска војна (1828-1829)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Руско-турска војна
Дел од Руско-турски војни
January Suchodolski - Akhaltsikhe siege.jpg
Датум 1828–1829
Место Балкан и Кавказ
Исход руска победа
Територијачни
промени
Адријанополски договор
Завојувани страни
Руска империја Руска империја
Француско кралство Франција
Велика Британија Обединето Кралство
Отоманска империја Отоманска империја

Руско-турската војна (1828-1829) претставува дел од грчката војна за независност. Војната од страна на Османлиската империја била објавена во декември 1827 година, прогласувајќи света војна против Руската империја. Војната се водела на два фронта, на Балканот и Кавказ.

Воените дејства започнале цо 1828 година кога руската армија со околу 100.000 војници ја преминала Добруџа и ги опседнала градовите Шумен, Варна и Силистра. Кон крајот на септември, Русите ја зазеле Варна. Во 1829 година била заземена Силистра, по кое Руснаците ја преминале стара планина и ја окупирале Тракија. На 20 август 1829 година руските војници влегле во Едрене.

Војната завршила со потпишување на договор во Едрене според кој:

  • Грција добила независност, но била задолжена да плаќа данок на султанот (во 1830 година била ослободена од данок и прогласила независност)
  • биле потврдени руските граници по текот на Дунав и Кавказ
  • Србија, Влашка и Молдавија добиле автономија
  • бил даден рок на 18 месеци според кој христијаните во Османлиската импетија имале право да ги продадат своите имоти и да се преселат во Русија.