Руско-турска војна (1736-1739)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Руско-турска војна (1735–1739)
Датум 17351739
Место Источна Европа
Исход Белградски договор
Завојувани страни
Flag of Russia.svg Руска империја
Отоманска империја Османлиска империја

Руско-турската војна (17361739) се одвила помеѓу Руската империја и Османлиската империја. Како една од најголемите причини за започнувањето на оваа војна е постојаните напади на кримските Татари во Украина во 1735 година и воениот поход на Кримското ханство во Кавказ, како и противречностите околу војната за полското наследство во 1733-1735 година.

Руска дипломација пред војната[уреди]

Пред започнувањето на војната, Русија усоеала да склучи мировен договор со Персија со кое и ја вратила целата територија која била зазедена по Руско-персиската војна. Освен тоа Русија обезбедила подршка за полскиот престолонаследник Август III кој во 1734 година застанал на престолот наспроти францискиот кандидат кој бил со османлиска подршка. Претходно во 1726 година Русија и Австрија стапиле во сојуз.

Текот на војната[уреди]

Формалниот повод за објава на војната била постојаните напади на Кримските Татари во Украина кон крајот на 1735 година и воениот поход на Кримскиот кан во Кавказ во 1736 година. Русите по ова започнале акција за зазимање на Крим и Азов. На 20 мај 1736 година руските сили кои броеле околу 60.000 војници завладеале со Перекоп. Во исто време во регионот избила епидемија која ги принудила на Русите да се повлечат.

Од друга страна пак, руската војска со помош на 28.000 војници на 19 јуни го зазеле Азов во 1737 паднал и Очаков. Во 1737 година во војната влегла и Австрија, но претрпела порази од Османлиската империја. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Bелград.

Мировен договор[уреди]

Во последната година од војната во 1739 година руската армија повторно го поминала Дњепар и ги поразила османлиските сили зазимајќи три тврдини. Од друга страна пак Австрија доживеала пораз во битката кај Грочка. Во следните денови бил потпишан Белградски договор по кој Австрија се повлекла од војната, а поради страв од шведска инвазија и Русија била принудена да преговара потпишувајќи го Нишкиот договор.

Според Белградскиот мировен договор, кој бил потпишан на 18 септември 1739 година Австрија била потиснета од Балканот. Така Белград и Шабац со цела Србија до Сава и Дунав, Влашко и дел од Босна биле повторно дадени на Османлиите. Австрија го задржала Банат но морала да ги сруши сите тврдини кои ги изградила во текот на владеењето на овие земји по Пожаревачкиот договор.

Според Нишкиот договор кој бил потпишан на 29 септември според кој Русија се откажала од сите права над Крим и Молдавија.