Руско-турска војна (1787-1792)
| Руско-турска војна (1787–1792) | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||
| Завојувани страни | |||||||
| Команданти и водачи | |||||||
| Сила | |||||||
| 100,000 | ? | ||||||
Руско-турската војна (1787–1792) претставува неуспешен обид на Османлиската империја да си ги врати териториите кои ги загубила по Руско-турската војна од 1774 година од Руската империја.
Во пролетта на 1787 година, Катерина Велика направила триумфална поворка во Крим заедно со светиот римски император Јозеф II. Овие настани во Константинопол биле прифатени како непочитување на Кучуккајнарџискиот договор, а британските и француските амбасадори дале подршка на Османлиите.
Така во 1788 година, Османлиите објавиле војна на Русија а рускиот амбасадор во османлиската престолнина бил затворен. Сепак Османлиите не биле подготвени за војна, а од друга страна пак Австрија и Русија како сојузници биле пресилни за Османлиската империја.
Во исто време започнала и Австро-турската војна каде Османлиите го зазеле Банат. Во Молдавија, Пјотр Румјаницев им нанел пораз на Османлиите. Следувале порази кај Пчеков, Јеш и Хотин. Според некои извори, кога султанот Абдул Хамид I разбрал за воените порази, тој добил срцев удар и починал.
Војната завршила со потпишување на Јашкиот мировен договор на 9 јануари 1792 година. Според него, Крим и Очаков биле присоединети кон Русија, а границата помеѓу двете земји се поместила до реката Днестер. цОсвен тоа, Османлиите се откажале од Грузија.
|
|||||||||||||||||

