Кримска војна
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Кримска војна | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Дел од Кримска војна | |||||||
|
|||||||
| Завојувани страни | |||||||
| Големите сили: 22x20px Османлиска империја |
|||||||
| Сила | |||||||
| непознато | непознато | ||||||
| Жртви | |||||||
| ~ 134.000 Руси | |||||||
Кримската војна започнала во 1853 година а завршила во 1856 година. Оваа војна се водела помеѓу Русија од една страна и Велика Британија, Франција, Кралство Пиемонт и Османлиската империја од друга страна. Војната била започната од страна на Русија и е позната како една од руско-турските војни за господство на Блискиот исток.
[уреди] Причини за војната
Кон крајот на 19 век, Велика Британија и Франција се повеќе навлегле во сферата на влијание на Блискиот исток, а со тоа и во Османлиската империја. Рускиот император Николај I не можел да постигне договор за разделба на сферите и поради тоа, се стремил да ја сочува својата позиција околу Црно море и да ја подобри својата позиција на Балканот. Како еден од поводите за започнувањето на овој конфликт бил и религиозниот спор околу Светите земји, заедно со Ерусалим. Во Османлиската империја Французите биле главни покровители на католицизмот, а Русите на православието, и долго време траел т.н. конфликт околу тоа кој треба да располага со Базиликата на Исусовото раѓање и Светиот Гроб.
Во 1853 година, Портата го одбила барањето за признавање на грчката црква во Светите земји, а во меѓувреме, султанот пресудил во корист на Французите. Потоа, Николај I го испратил кнезот Меншиков во дипломатска средба со османлиските власти, со цел тогашниот султан Абдул Меџид да се обврзе христијанското население заедно со црквата и нивната религија во царството да бидат заштитени. Во исто време, Велика Британија исто така го испратила лордот Страфорд, кој сепак успеал да го наговори султанот околу неговите намери. Тоа било еден од мотивите, императорот Николај I да ја распореди својата војска во Влашка и Молдавија, а на 21 јуни 1853 година, руските војски веќе биле навлезени во во дунавските кнежества.
Во исто време, Велика Британија и Франција ги испратиле своите флоти на Дарданелите. Четирите велесили од Европа, Велика Британија, Франција, Прусија и Австро-Унгарија се состанале во Виена каде усвоиле пропишана нота со која би се сложиле и двете страни. Но таа нота била одбиена од страна на Абдул Меџид I. Во новите преговори пак, Николај I ги одбил предложените амандмани. Затоа, во близината на Дунав, турската војска ги нападнала руските позиции. Руската флота пак целосно ја уништила турската во Мала Азија, каде по ова, Велика Британија и Франција стапиле во одбрана на Османлиската империја. По одбивањето на Русија да ги повлече своите војски од Дунав, Велика Британија и Франција и објавиле војна на Русија.
[уреди] Мировни напори
Рускиот император Николај I сметал дека Австро-Унгарија ќе застане во негова корист или пак ќе остане неутрална. Кога во 1854 година Австро-Унгарија побарала Русија да ги повлече своите трупи од Дунав, Русија ги повлекла истите. Но и покрај тоа, Велика Британија и Франција биле решени целосно да ја исцрпат Русија од влијателните сфери во Османлиската империја. Тие настојувале Русија да го повлече и своето влијание од Дунав, да се откаже од било какви барања внатре во Османлиската империја, да се изврши ревизија од конвенцијата од 1841 година. И бидејќи Николај I сите тие точки ги одбил, војната продолжила. Руската армија напредувала заземајќи го Севастопол. Други мировни договори биле иницирани од страна на новиот император на Русија, Александар II. Со парискиот договор, влијанието на Дунав било пренесено на сите големи сили како целина, било забрането влегување во Црно море на воени бродови. Исто така големите сили се обврзале дека ќе ја почитуваат независноста и територијалниот интегритет на Османлиската империја.
Самиот Париски мировен договор бил срушен кога Франција била поразена од страна на Прусија. Русија тоа го искористила најмногу, Русија повторно ја формирала својата флота на Црно море.