Сулејман II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Osmanli-nisani.svg    Сулејман II
Отомански султан
Калиф
Tughra of Suleiman II.JPG
Владеење 1687 – 1691
Период Стагнација на Отоманската империја
Полно име Сулејман II
Претходник Мехмед IV
Наследник Ахмед II
Семејство Отоманска династија
Династија Отоманска династија

Сулејман II (15 април 1642 во Отомански Константинопол - 23 јуни 1691 во Едрене) бил дваесетиот султан Отоманската империја кој владееле во периодот од 1687 до 1691 година. Бил син на Ибрахим I. Починал во Едрене од хидропиза во 1691 година.

Како помал брат на Мехмед IV (1648–87), Сулејман бил роден во Топкапи сарај во Константинопол и поголемиот дел од својот живот го поминал во затвор (кафез), место во Топкапи сарај каде ги држеле османлиските принцови за да не организираат бунтови против власта. Негова мајка била србинката Катерина[1], која по примањето на силамот го добила името Салиха Дилашуб султан.

На отоманскиот трон се искачил како резултат на јаничарскиот бунт, кој довел до соборување на Мехмед IV. Сулејман бил многу религиозна личност и времето го минувал во молитва, а со јавниот живот на империјата се занимавале големите везири. Најпознатиот од нив бил Фазил Мустафа Копрулу (од 1689).

Веднаш по преземањето на престолот, Османлиите претрпе катастрофален пораз во втората Мохачка битка, а по ова следувал и голмиот пораз во Кримскиот поход од страна на Русија. Продолжила војната со Светата Лига, австриската војска го завзела Белград во 1688, а потоа ја окупирала Босна. Во битката кај Сланкамен во 1691 година во Србија Османлиите повторно доживеале пораз.

Во текот на неговото владеење, везирот Мустафа Паша ја реорганизирал војската со помош на татарската армија. На почетокот на 1689 година, офанзивата на австриската војска била запрена и во 1690 година Турците повторно го завзеле Белград.

Сулејман II починал во Едрене палата во 1691 година. Тој се оженил со Хатиџе Муазез султан која го родила идниот Ахмед II.

Наводи[уреди]

  1. Ali Kemal Meram, Padişah Anaları: Resimli Belgesel Tarih Romanı, Öz Yayınları, 1977, p. 325.