Мехмед IV
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Мехмед IV | |
![]() |
|
| Султан на Отоманската империја | |
| Роден | 2 јануари 1642 Истанбул, Отоманската империја |
|---|---|
| Починал | 6 јануари 1693 Отоманската империја |
Мехмед IV бил деветнаесетиот султан на Отоманската империја, роден на 2 јануари 1642 во Истанбул. Тој бил првото дете на султанот Ибрахим I и Хатиџе Турхан валиде султан.
На престолот дошол кога имал само шест години, во 1648 година и владеел речиси 40 години. Тој успеал прв да го врати воениот сјај на Отоманската империја, но подоцна паднал во невидено воено понижување, со кое започнала првата поделба на империјата.
Со империјата владееле неговите големи везири. Во текот на владеењето на неговите везири, бил освоен Крит, но во истиот тој период Отоманците пораз доживеале во битката кај Сентготард на чело со Ахмед Копрулу во 1664 година, како и во опсадата на Виена во 1683 година на чело со Кара Мустафа Паша.
Бунтовните јаничари го симнале од власт Мехмед IV, и го востоличиле постариот од неговите двајца браќа – Сулејман II (1687-1691), кој наскоро го замениле со другиот брат – Ахмед II (1691-1695), по кој дошол нивниот роднина- Мустафа II (1695-1703).
Мехмед IV починал на 6 јануари 1693 година.
|
|||||||||||||||||||
