Мурат IV

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Мурат IV
Murad IV.jpg
Султан на Отоманската империја
Роден 16 јуни 1612
Истанбул, Отоманската империја
Починал 9 февруари 1640
Истанбул, Отоманската империја


Мурат IV бил седумнаесетиот султан на Отоманската империја. На престолот се искачил како 11-годишно момче и владеел во периодот од 1623 до 1640 година. Тој бил син на Ахмед I и неговата сопруга која имала грчко потекло[1][2][3].

Тоа бил накрвавиот од сите отомански султани, но тој се справил со јаремот на везирите и воената анархија.“Убиј или ќе бидеш убиен” – било неговто правило, и тој убивал апсолутно невини – само за да убива. Тој е познат по тоа што го вратил авторитетот на земјата преку бруталноста на неговите мерки. Често пати знаел да заповеда да дојде некој паша кај него и едноставно да го погуби. Но, во касарните се вратила дисциплината, а во судовите – правдата.

Од Персија го заземал Ереван, Тебриз и Багдад. Мехмед IV имал само 7 години кога бил прогласен за султан. Државната власт била управувана од страна на Валиде султан и самите јаничари. Во 1664 година неговите сили доживеале пораз кај Сентготард. Големиот везир Кара Мустафа Паша залудно се свртел кон Виена во 1683 година и ја ставил под опсада. По неговата неуспешна опсада, Кара Мустафа Паша бил погубен.

Му било дадено името "Завојувач на Багдад". Починал во 1640 година, само на 28 година од треска и вино. Пред смртта, решил да остане последен од својата династија, и сакал да го убие својот брат Ибрахим – единствен наследник на машката линија, но во ова не успеал.

[уреди] Наводи

  1. E. van Donzel, Islamic Desk Reference: Compiled from the Encyclopaedia of Islam, Brill Academic Publishers, p 219
  2. Robert Bator, Daily Life in Ancient and Modern Istanbul, Runestone Press, p 42
  3. Douglas Arthur Howard, The History of Turkey, Greenwood Press, p 195
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици