Мелек Ахмед-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дамат Мелек
Ахмед
Паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
5 август 1650 – 22 август 1651
Монарх Мехмед IV
Претходник Кара Мурат-паша
Наследник Сијавуш-паша
Лични податоци
Роден(а) ок. 1604
Галата, Истанбул
Починал(а) ок. 1662 (меѓу 57-58)
Истанбул, Отоманско Царство
Националност Отоманец
Сопружник Каја (1644–59, до нејзината смрт)
Фатма (1662, до неговата смрт)
Вероисповед Сунит Ислам
Народност Абхаз или Абазинец

Мелек Ахмед-паша („Ахмед-паша ангелот“; ок. 1604–1662) — отомански државник и голем везир за време на владеењето на Мехмед IV.

Почетоци[уреди | уреди извор]

По потекло бил Абхаз (или Абазин). Според еден извор, неговиот татко бил морски капетан по име Перван.[1] За време на владеењето на Мурат IV, тој бил назначен за управител на Дијарбекир. За време на владеењето на Ибрахим I, тој бил назначен за управител на Ерзурум, Мосул, Алеп и Дамаск. Во 1644 година, тој се оженил за Каја, ќерката на Мурат и ја добил титулата дамат (зет). Но сите покраини во кои бил назначуван (дури и Ерзурум во Турција)биле далеку од главниот град Истанбул, и од оваа причина,неговата сопруга останувала сама во Истанбул. За време на владеењето на Мехмед IV, конечно се вратил во Истанбул како везир. Но во 1650 година, за несреќа на неговата сопруга, бил назначен за управител на Багдад, повторно далеку од Инстанбул. Каја се обидела да ја разубеди кралицата владетел да ја повлече одлуката, но не успеала, што укажува за постоењето на хаос во отоманската палата.[2] Сепак, пред Мелек Ахмед да го напушти Истанбул, големиот везир Кара Мурат-паша се повлекол, жалејќи се на игрите на луѓето од палатата. Кралицата владетел му ја понидила работата на Мелек Ахмед, која ја прифатил под услов луѓето во палатата да не се мешаат во управувањето на државата и станува голем везир на 5 август 1650 година.[3]

Тој бил зет на Хајдарзаде Мехмед-паша , отомански управител на Египет од 1646 до 1647 година, кој се оженил со неговата сестра.

Голем везир[уреди | уреди извор]

Кога Мелек Ахмед станал голем везир, сфатил дека царството скоро да банкротирало. Критската војна била скапа војна, и собирањето на данокот од Анадолија не било во очекуваниот обем поради Џелали. Се обидел да го врамнотежи буџетот, но без особени познавања на финасии, неговите економски мерки дополнително ја влошиле економската состојба. Меѓу неговите мерки било и обезвреднувањето на кованите монети намалувајќи ја содржината на златото. Ова предизвикало побуна меѓу трговците и војниците, чии плати биле исплаќани со новите монети.[4] султанот бил приморан да го разреши на 22 август 1651 година.

Подоцнежни години[уреди | уреди извор]

По 1651 година, тој повторно станал управител, но овој пат во Силистра (денес во Бугарија), многу поблиску до главниот град. Наскоро, тој бил во можност да се врати во Истанбул. Во 1654 година, Ибшир Мустафа-паша бил назначен за голем везир, но морал да го одложи враќањето во Истанбул. За време на овој период, Мелек Ахмед бил негов заменик. Ова предизвикало сомнежи кај Ибшир-паша, и Мелек Ахмед бил протеран во Ван и Малкара. Сепак, откако Ибшир-паша бил разрешен, Мелек Ахмед повторно се здобил со старите титули. По работата како управител во неколку покраини во европскиот дел на царството, тој се оженил по втор пат во 1662 година со Фатма (ќерката на покојниот султан Ахмед I).[5] Според Евлија Челебија, бракот бил несреќен и присилени биле и двете страни, Фатма му се заканила на Мелек Ахмед со развод и повлекување на чеизот (кој според некои тврдења имал вредност од околу шест годишни даночни приноси на Египет).[6]

Мелек Ахмед-паша починал во 1662 година, само неколку месеци по женидбата со Фатма.

Последици[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство, ковањето на обезвреднети монети продолжило по 1651 година и била една од главните причини за избивањето на голмата побуна во 1656 година, позната како Чинарска побуна.

Евлија Челебија и Мелек Ахмед-паша[уреди | уреди извор]

Иако не бил особено успешен голем везир, деталите за Мелек Ахмед-паша и неговата сопруга Каја (како и неговиот подоцнежен брак со Фатма) се добро познати поради записите на Евлија Челебија. Евлија Челебија бил еден од најпознатите турски патописци од тој период, и неговата мајка била побратим на Мелек Ахмед-паша, и Евлија Челебија ја искористил оваа можност да патува со Мелек Ахмед-паша.[7]

Список[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul, 2009, ISBN 978-975-254-278-5 p.107
  2. An essay on Ahmet Pasha (турски) Архивирано на 30 мај 2010 г.
  3. Joseph von Hammer:Osmanlı Tarihi Vol II (condensation: Abdülkadir Karahan), Milliyet yayınları, İstanbul. p 100
  4. Prof.Yaşar Yücel-Prof Ali Sevim:Türkiye tarihi III, AKDTYKTTK Yayınları, 1991, pp 104-106
  5. Dankoff, Robert (2004-01-01). An Ottoman Mentality: The World of Evliya Çelebi (англиски). BRILL. ISBN 9004137157.
  6. Evliya Çelebi (1 January 1991). The Intimate Life of an Ottoman Statesman, Melek Ahmed Pasha (1588-1662): As Portrayed in Evliya Celebi's Book of Travels (Seyahat-name). SUNY Press. стр. 265. ISBN 978-0-7914-0640-3.
  7. On line history(турски)
Политички функции
Претходник
Кара Мурат-паша
Голем Везир
5 август 1650 – 22 август 1651
Наследник
Сијавуш-паша