Мехмед Рушди-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мехмед Рушди-паша
На должноста
Стапил
24 декември 1859
Лични податоци
Роден(а) 1811
Ајанџик
Починал(а) 27 март 1882
Вероисповед ислам
Воена служба
Чин полковник, паша, голем везир

Мехмед Рушди-паша (турски: Mehmed Rüşdi Paşa или Мутерџим Рушди-паша (Mütercim Mehmed Rüşdi Paşa; 1811 Ајанџик - 1876, Маниса) — османлиски државник и голем везир на царството на пет наврати. Бил реформист по убедување и силен поддржувач на танзиматот. Во младоста работел како преведувач на воени дела и служел како полковник.

Младост[уреди | уреди извор]

Роден е во 1811 г. во Ајанџик, Синопско во семејство на сиромашен рибар. Кога имал три години семејството се преселило во Истанбул. Таму завршил училиште, а потоа бил повикан во војска. Во воената школа учел кај извесен велможа Танас, кој го научил да чита и пишува француски. Подоцна работел заедно со велможата, и бил забележан како надарен од султанот Абдул Меџит, кој го вработил меѓу најдобрите преведувачи во државата (оттаму и прекарот „Мутерџим“ = преведувач). Рушди се прочул ширум царството со своите преводи на француски дела за воена тактика и обука. Потоа повторно добил унапредување и бил испратен во Англија да учи и да преведува други западни дела. Таму се стекнал со западните идеи кои ги делел со другите негови колеги што се залагале за танзиматските реформи.

Воена кариера[уреди | уреди извор]

Во 1839 г., на возраст од 28 г. е унапреден во полковник и продолжил да работи како воено лице, па во 1843 г. станал претседател на Воениот совет на државата и делувал во војската сè до оставката во 1853 г. Тогаш бил предложен за валија во Сирија, но ја одбил понудата, одбивајќи и други државни функции само за да избегне работа со Мехмед Али-паша.

Државничка кариера[уреди | уреди извор]

Во 1959 г. е назначен за голем везир за првпат и на оваа функција бил вкупно петпати, во владеењата на следниве султани:

Со неговото назначување по петти пат во 1876 г., Рушди-паша веднаш почнал да спроведува истрага за убиството на поранешниот султан Абдул Меџит и обвинил неколку лица. Поради ова, бил сменет само една недела по назчаувањето и даден на царски суд. Султанот Абдул Хамид го осудил на прогонство.Рушди-паша починал во 1882 г. во Маниса од заболување на нервниот систем, на возраст од 71 г. Закопан е во дворот на џамијата Хатунија. [1]

Извори[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Countries T“. Rulers.org. Посетено на 2013-11-23.