Крф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Работници на Крф. На фотографијата се гледа тврдината. Прва светска војна

Крф (грчки: Κέρκυρα), e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Островот Крф со околните острови и гребени чинат посебна општина, која припаѓа на истоимениот округ Крф. Крф се наоѓа на крајниот северозапад на Грција во Јонско Море, 2 km северно од Крф се наоѓа албанскиот брег. Крф е многу поблиску до нејзиниот брег отколку до брегот на Епир (околу 15 km). Јужно од Крф се наоѓаат Пакси и Антипакси (околу 15 km). Зафаќа површина од 614 km2 (237 ми) и население од 102.000. Главен град е Крф, 40.000 жители.

Поврзано[уреди | уреди извор]