Шехзаде Сулејман (син на Орхан I)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шехзаде Сулејман
Роден 1316
Отоманска Империја
Починал 1357
Отоманска Империја
Занимање османлиски принц

Сулејман Паша (1316-1357) бил најстариот син на Орхан I, вториот бег на новоформираната Отоманска империја.

Сулејман е познат по тоа што под негово раководство во 1354 година Османлиите за прв пат стапиле на европскиот континент преминувајќи ги Дарданелите. Неговиот напад бил сосема изненадувачки и својата опсада и зазимање на тврдината Цимпе ја започнал со 3.000 војници. Византија во тоа време се наоѓала во Граѓанска војна меѓу династиите Кантакузин и Палеолог. Кантакузин наместо да се обиде да ги отстрани напаѓачите на Цимпе, тој ја подржал оваа опсада и го замолил за помош на Орхан против неговиот ривал. Така околу 10,000 османлиски војници биле испратени во околината на Галиполе на чело со Сулејман и ја зазеле тврдината.

Кантакузин му понудил на Сулејмен 10,000 дукати како награда за зазимањето на тврдината по кое тој требал да се повлече, но пред да биде направена зделката во реонот се случил силен земјотрес по кое ѕидините на околните тврдини биле целосно уништени. Османлиските сили ова го виделе како порака од господ (Алах) кој испратил порака во нивна корист и дека започнало освојувањето на Ветената земја. Двајцата капетани на Сулејман веднаш го окупирале Галиполе и без проблем го зазеле без никаков отпор од населението. Откако Сулејман разбрал дека Галиполе бил окупиран, тој одбил да го предаде Цимпе. По ова наредил брза изградба на тврдината околу Галиполе. Византискиот император реагирал кај Орхан кој му одговорил дека тоа не било силата на оружјето туку Божја волја пројавено со земјотрес.

Сулејман бил сметан за пресолонаследник на османлискиот трон. Сепак тој починал пред неговиот татко кога случајно паднал од својот коњ. Тој не бил погребан во Бурса туку по наредба на Орхан било изградено турбе во Болајир, на брегот од Дарданелите.