Махмуд I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Osmanli-nisani.svg    Махмуд I
Отомански султан
Калиф
Tughra of Mahmud I.JPG
Владеење 20 септември 1730 – 13 декември 1754
Период Стагнација на Отоманската империја
Полно име Махмуд I
Претходник Ахмед III
Наследник Осман III
Семејство Отоманска династија
Династија Отоманска династија

Махмуд І (османлиски јазик: محمود اول, 2 август 1696 во Едрене - 13 декември 1754 во Отомански Константинопол) бил дваесетичетвртиот султан на Отоманската империја. Тој бил син на Мустафа II и владеел од 1730 до 1754 година. Во 1736 година Русија го окупирала Крим.

Управување[уреди]

Махмуд бил роден во Едрене како син на Мустафа II (1695-1703) и Салиха султан. Махмуд бил постар брат на идниот Осман III (1754-1757).

На 28 септември 1730 година Патрона Халил со мала група на колеги јаничари организирале бунт во Константинопол[1][2] против реформите на Ахмед III[3]. Тој успеал да влезе во Топкапи сарај и побарал егзекуција на големиот визер по кое следувала абдикција на султанот Ахмед III а неговиот внук Махмуд станал новиот султан[3].

Махмуд бил признаен како султан од бунтовниците и судовите. Халил го одвел новиот султан во Ејуп џамија каде била одржана церемонијата за поставување на Махмуд на тронот. Еден грчки трговец Јанаки кој претходно му дал пари за бунтот бил награден од страна на диванот како господар на Молдавија. На 24 ноември 1731 година Халил бил удавен по наредба на султанот во негово присуство. Грчкиот негов пријател заедно со голем број на луѓе кои го подржале бунтот исто така биле убиени.

Спорадичните обиди во османлиската војска да се воведат европските пиштоли и огнено оружје продолжиле под водство на Контот де Боневал, французин кои го прифатил исламот. Во 1731, во текот на првата кампања за борба против Персија, Махмуд успеал да поврати дел од поранешната османлиска сопственост на Кавказ, која била изгубена од Ахмед III, но засилувањето на владеењето на Надир Шах (владеел 1736-1747) во Иран, уште еднаш ги потерало во бегство. На крајот, по смртта на Надир Шах, границата помеѓу Османлиското царство и Иран била вратена на линијата според договорот од 1639. На Запад, војската на Махмуд влегла во нова војна со Австрија и Русија (1736-1739), која резултирала со Белградскиот договор (1739) според кој султанот бил принуден да направи територијални отстапки. Махмуд I починал во 1754. На престолот го наследил неговиот брат Осман III.

Наводи[уреди]

  1. The Encyclopædia Britannica, Vol.7, Edited by Hugh Chisholm, (1911), 3; Constantinople, the capital of the Turkish Empire...
  2. Britannica, Istanbul:When the Republic of Turkey was founded in 1923, the capital was moved to Ankara, and Constantinople was officially renamed Istanbul in 1930.
  3. 3,0 3,1 Shaw, Stanford J. and Shaw, Ezel Kural (1976) History of the Ottoman Empire and Modern Turkey, volume 1: Empire of the Gazis: the rise and decline of the Ottoman Empire, 1280-1808 Cambridge University Press, Cambridge, England, p. 240, ISBN 0-521-21280-4