Александар I
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Александар I Филхелен (498год п.н.е-454 год п.н.е) е седмиот македонски крал по ред од лозата Аргеади кој дошол на власт во 498 година п.н.е наседувајки го неговиот татко Аминта I. Александар I на власт дошол во едно сложено и тешко време кога се одвивал настанот на векот односно судирот помеѓу хеленските градови и моќната Персија во историјата познат како Грчко-Персиски војни. Александар I е еден од најзначајните македонски кралеви бидејки во негово време Македонија се зацврстува како држава користејки го грчко-персискиот судир и се издигнува како еден значаен фактор во регионот. Александар бил свесен за подемот и издигнувањето на неговата држава па затоа сакал Македонија да излезе на меѓународна сцена. Македонија во негово време се протегала на исток до реката Стримон на југ до планината Олимп. Целта на Александар била превземање на главната улога во меѓународните односи во Егејското море. Оваа цел односно промоција на кралството тој сметал дека е можна само преку учество на Олмписките игри каде учествува и го добива прекарот Филхелен(љубител на Хелените).
[уреди] Грчко-персиски војни
Сите податоци за владеењето на Александар I се поврзани со неговото учество во Грчко-Персиските војни,Македонија се нашла на средината на овој судир па колку и да сакал Александар неможел да остане настрана од овој настан на векот како што го нарекува Херодот. Македонија се наоѓала на патот од Босфорот до Хелада па секој поход на самите Персијци морал да минува низ Македонија. Александар бил поврзан со Персијците преку залогот што лично тој им го дал уште за време на владеењето на неговиот татко Аминта I а со Хелените одржувал добри трговски врски бидејки Македонија во тоа време е најзначајниот извор за снабдување на дрво, кој бил од суштинска важност за Хелените бидејки најголем дел од хеленската флота била изградена од македонско дрво. Со доаѓањето на власт на Ксеркс (486 год.п.н.е) Персија превзела поголеми дејствија против Хелените.
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
| Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
| Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
| Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
| Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
| Други | Лизимах • Пир Епирски |