Аминта III

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дидрахма (статер) на Аминта III

Аминта III (или II), син на Архидеј и дедо на Александар Македонски, бил крал на Античка Македонија од 393 п.н.е. (или 389) до 369 п.н.е.

Аминта дошол на тронот по десет години проблеми со наследството по убиството на Архелај I. Но тој имал многу непријатели во самата Македонија; во 393 п.н.е. бил истеран од страна на Аргеј II и Илирците, но следната година си го повратил кралството со помош на Тесалија.

Склучил договор со Спарта, кои му помагале да го намали Олинт (379 п.н.е.). Исто така, влегол во сојуз со Јасон од Фера и предано одржувал пријателство со Атина.

Од неговата жена, Евридика II имал три сина, од кои сите подоцна станаа македонски кралеви: Александар II, Пердика III и Филип II Македонски.