Пердика III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Пердика III бил крал на Македонија од 365 до 359 п.н.е., наследувајќи го својот брат Александар II.

Пердика бил син на Аминта III и Евридика II. Кога Александар II бил убиен од страна на Птоломеј од Алор, Пердика III бил под старосната граница, па со кралството владеел Птоломеј од Алор како регент. Во 365 п.н.е. Пердика го убил Птоломеј и го презел македонскиот трон.

Пердика бил убиен во битка против илирскиот крал Бардилис, при обид да ја освои горна Македонија. Бил наследен од неговиот многу мал син, Аминта IV, но тронот наскоро бил узурпиран од помладиот брат на Пердика, Филип II.