Касандар
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Касандар (~ 350 п.н.е. - 297 п.н.е.), крал на Македонија (305 п.н.е. - 297 п.н.е.), бил најстариот син на Антипатар, и основач на краткотрајната династија Антипатриди.
За прв пат се појавува на дворот на Александар Македонски во Вавилон, каде го бранел татка си, Антипатар, регент на Македонија, од обвиненијата на неговите непријатели (главно кралицата-мајка, Олимпија).
Бидејќи татко му го прескокнал и му го дал регентството на Полиперхон, Касандар се сојузил со Птоломеј Сотир и Антигон I Едноокиот и објавил војна против регентот. Речиси сите грчки полиси се здружиле со него, меѓу кои и Атина. Тој направил и сојуз со Евридика, амбициозната жена на кралот на Македонија, Филип Аридеј.
Меѓутоа Евридика и Филип III, заедно со Касандровиот брат Никанор биле погубени од Олимпија. Касандар веднаш измарширал кон Олимпија, и ја принудил да се предаде кај Пидна, па ја погубил (316 п.н.е.). Во 310 п.н.е./309 п.н.е., тој ја отрул и Роксана и номиналниот крал Александар IV, жената и синот на Александар Македонски. Исто така, го потплатил Полиперхон да го отруе вонбрачниот син на Александар, Херакле.
Тој веќе бил поврзан со кралското семејство, бил во брак со Тесалоника, полусестра на Александар Македонски, и со сојузот со Селевк, Птоломеј и Лизимах против Антигон, со поразот и смртта на Антигон ~ 301 п.н.е, станал неоспорен владетел на Македонија. Умрел од едема во 297 п.н.е. Според географот Павзаниј: „Беше преполн со едема, и од неа излегоа црви додека сѐ уште беше жив. Филип, неговиот најстар син, наскоро по доаѓањето на престолот се разболе и умре. Антипатар, следниот син, ја уби својата мајка Тесалоника, ќерката на Филип и Никасепола, под обвинение дека премногу го милувала Александар, најмладиот син.“ Александар се одмаздил за мајка си со тоа што го убил брат му Антипатар, но пак тој самиот бил убиен од Деметриј I Опсадникот, син на Антигон. Така отишло сето Касандрово семејство.
Касандар бил човек од книжевноста, но бил насилен и амбициозен. Ја преградил Теба по нејзиното уништување од Александар Македонски, ја претворил Терма во Солун и изградил нов град по име Касандреја врз урнатините на Потидеја.
Наводи [уреди]
- Диодор Сикул, Библиотека глави xviii, xix, xx
- Плутарх, Паралелни животи, „Деметриј“, 18, 31; „Фокион“, 31
- Franca Landucci Gattinoni: L'arte del potere. Vita e opere di Cassandro di Macedonia. Stuttgart 2003. ISBN 3-515-08381-2
Надворешни врски [уреди]
- Генеалошка лоза на Касандар (англиски)
| Претходник Полиперхон |
Регент на Македонската Империја 317–306 п.н.е. |
Наследник станал крал |
| Претходник: Александар IV |
Крал на Македонија 306–297 BC |
Наследник: Филип IV |
| Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
| Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
| Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
| Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
| Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
| Други | Лизимах • Пир Епирски |

