Александар II
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Александар II Македонски бил крал на Античка Македонија од 369 до 368 п.н.е., по смртта на неговиот татко Аминта III. Тој бил најстар од неговите три сина.
Иако веќе бил полнолетен, Александар бил многу млад кога дошол на власт. Ова било многу проблематично за него, бидејќи неговите непријатели продолжиле да војуваат со Македонија. Александар едновремено бил соочен со илирска инвазија од северозапад и напад од истокот од страна на претендентот Павзаниј. Павзаниј набргу зазел неколку града и се заканил на кралицата-мајка, која била во палатата во Пела со нејзините млади синови. Александар ги победил непријателите со помошта на атинскиот генерал Ификрат, кој пловел по македонскиот брег за да го освои Амфиполис.
На барање на Алевдаите, Александар интервенирал во граѓанската војна во Тесалија. Успешно зазел контрола врз Лариса и неколку други градови, но, изневерувајќи го ветувањето кое го дал, поставил гарнизони. Ова ја испровоцирало Теба која била водечката воена сила во Стара Грција во тоа време. Тебанскиот генерал Пелопид ги истерал Македонците од Тесалија. Потоа го неутрализирал Александар со тоа што ги заштитувал амбициите на Александровиот зет Птоломеј од Алор, и го натерал Александар да го напушти неговиот сојуз со Атина и да се сојузи со Теба. Како дел од овој нов сојуз, Александар морал да предаде заложници, вклучувајќи го и неговиот помал брат Филип.
За време на еден фестивал врз Александар бил извршен атентат по наредба на Птоломеј. Иако братот на Александар Пердика III станал крал, тој бил под старосната граница, и Птоломеј бил поставен за регент.
| Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
| Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
| Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
| Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
| Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
| Други | Лизимах • Пир Епирски |